Паметно Онак, ќе одам на 9ти, ваљда ќе најдам добар смештај. Скапо ли е? како е со цени за храна и пиење или стандард како секаде во грција?
краковите се за нијанса поскапи одколку остатокот. веројатно до тогаш и ке ги подспуштат малку цените...
за плажите на пример, сите влегоа со финта дека не рентаат лежалки, ама ке платиш скапо кафе, а лежалката ти е беспари ОДКАКО ке платиш за кафето се разбира... од 4 до 6 евра ти е ајс кафе, ама никогаш не е само кафе туку обавезно е и шиш пола литро вода, некое колае, кроасан, сладолед итн итн...
што се однесува до храната.. од маркет да купуваш е поевтино одколку да се раниш по ресторанти... јас пошто возев тура со мотор, целта беше до паљури, па назад, не купував од маркет ништо освен пиво. гиро ти е помеѓу 2,5 и 3 евра на пример...
би ти советувал да застанеш во полихроно (успат ти е) на нај високата тумба од патот, на семафорите сврти лево, патот те води надоле некои 100-200 метри и завршува, т.е. имаш опција лево или десно. значи застани на крајот од улицата, од лева страна имаш ресторнат за брза храна... ДОКТОР се вика ресторантот... јади тука гиро, или полнета плескавица... ептен позитивно искуство имам... од тука до паљури имаш уште одприлика 15-тина километри, значи близу си.
за смештај, зависи на што ке налеташ, од 30 до 60 евра ден имаш апартмани, со кујниче свое... сите се со кујниче, свој тоалет, топла вода нон стоп (сите се со солари) и клима... одамна немам видено во грција апартман без клима...
еден совет... пред да кажеш го зимам апартманор провери ја климата дали работи...