Што мислите за Албанија Планирам да одам таму со ќерка ми? бил некој искуства?
лани бев во Ксамил. евтино и пристојно. евтини цени во маркети, ресторани и кафулиња, фина храна, евтин смештај, солидни плажи, супер море... местото интензивно се гради, па поради тоа е малце хаотично. комарци има, ама повеќето од куќите кај што се нуди смештај се ставени мрежи на врати и прозори, па не се проблем. рестрикција на струја, додека бев таму (10 дена) немаше ниту еднаш.
генерално, сум задоволен. поевтина варијанта за на море мислам дека моментално нема. единствен предизвик (и за повеќето луѓе ПРОБЛЕМ), патот до таму.
п.с. народот е екстра љубезен према нас, Македонците. екстра услужливи, фини и културни. скоро сите разбираат англиски, а ако не разбираат, обавезно имаат човек околу нив што разбира. шетање и ноќен живот - слабо. ама затоа е тука Саранда. 20тина минути возење (не повеќе од 15км од Ксамил). живо место, многу гужва, многу места за искачање, ама тапа плажи.
On topic: во петокот уплатив за Турција. Turkey, here I come!!!