Фала ти, како е со плин по пат и на Лефкада? А како со паркинг и цени на плажа, барем одприлика?
Edit: На ФБ некој тип ги сереше ЈК Травел на нивниот ФБ пејџ дека ги заебале за работа и смештај во Германија. Колку е точно не би знаел, just sayin.
Паркинг 5 евра мислам беше.
3 евра кафе во бар или 3 евра кафе донесено по 100 скали на плажата Порто каѕики.
30 денари пола литро вода.
2,2 евра Митос грчко пиво лименка 0,33мл, 2,5 евра - Митос грчко пиво 0,5л лименка.
3 евра Амстел радлер, 2,5-3 евра Амстел пиво и други пива, цело ова донесено на плажа камен ладно.
За таверни и кафичи не можам да кажам, не ни посетивме многу.
Гиро 2,2 евра до 3 евра со некоја комплицирана пешија... Гиро "Yupo" покрај водата во Лефкада препорачувам. Мене тоа од 2,2 евра ми беше одлично. Во Нидри јадевме катастрофа гиро, не се сеќвам кој локал беше, на излез од Нидри беше.
1,5 евра топка-ТОПКА сладолед Ферреро, многу лепшо

23 денари литар и пол кисела вода од маркет во Лефкада. Во маркетите во Агиос Никитас беше нешто поскапо како и секаде верувам, но не и толку поскапо како во маркетот во Градиште што беше на времето

Убави десерти од слаткарници во Лефкада од 1,5 евра па до 3-4 евра...
Јас бев натанкиран дизел од Лукоил Битола и на Лефкада на Шел дотурив уште за 30 евра.
На Лефкада има плин, попат не можам да кажам. Препорачувам преку Битола, не преку Гевгелија. Патот е солиден натаму и одличен а на Битолската граница во 3 часот по полноќ немаше кој да ме опцуе, 6 минути се задржав.
Има камери попатно, Навигонот предупредува со време. Не можев да бидам сигурен дали работат, возев по знаци.
Пред Арта мислам беше, има некои апарати покажуваат колку возиш, воспитно делуваат...
Ол мајти, во право си за длабочината на западнта страна но не бш по 2 метра но по 4м да.
До тие острови околу Лефкада, макар и за 5 евра не би трошел ден повторно, не е до парите, ние плативме 20 евра по човек. Турите околу Лефкада и плажите - ДА, реков.
Микрос Гиалос ако беше таа која слегуваш по пат бетер од СВ. Наум, не вреди да се губи време според мене.
Нагоре кога се враќавме во прва цело време и потрошњата на 25л ми се закова

На Мегали Петра не отидов мислам баш по препорака на Ол мајти
За повеќе инфо не ми текнува Смоле, прашај па ако знам ќе пишам.
И јас планирам за Лефкада, свој превоз и смештај во Агиос Никитас, некаде во Јули.
Не планирај повеќе, резервирај и да отидеш, вреди. Резервирај по со време, некако популарна стана па се трошат аранжманите.