Гојдо, не си првиот кој еднаш отишол во Албанија на одмор. Еднаш.
Тоа е, кога човек нема да се информира добро...Цената на тоа е измрцварено семејство, изгубени нерви, еден сјебан ден од одмор, 200 евра (за гориво, патарини, смештај и слично), подисчукано подвозје од „улиците“ и „патиштата“.
Koга више сте изакале до Игуменица, што не отидовте на Крф? Таму и во шпиц на сезона се наоѓа поволно смештај, а плажите и околината се фантазија.
На Крф сме биле и не би пак. Убав остров е за да го посетиш еднаш меѓутоа не е за да седиш сместен на едно место, а плажите се 2 класи подоле од оние на втор крак. Прв крак го избравме затоа што морето е помирно од втор крак, поблиску е и има полесен пат за возење него втор крак, оддалечен е 100km од Солун, а патот до Солун секако ќе требаше да го извозам.
Како и да е, убаво си поминавме, подобро отколку што си поминавме во последната недела во Јуни кога бевме во Торони и кога морето беше поладно, а имаше и бранови големи за моите деца. Со децава за годинава ја затварам морската сезона. Во Август може да појдеме уште еднаш сами со жена ми на недела дена. Тогаш може да експериментираме и да појдеме до некој остров, а може и уште една класика на втор крак во околината на Сарти.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На слики изгледа стакло, ама ова е сликано на сред море.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На ова другиве, не гледам што е стакло... Водава е гнасно-одвратна, тоа е тоа бело-кафеаво обоена смрдлива вода. Види ги луѓето што се бањаат, им се гледаат само деловите надвор од вода, другото е матно и не се гледа ништо. И тоа песокот е вештачки, не е природен, туку само локалните талибани знаат од каде е донесен и од што е направен.
Mене ова ми е кристално, т.е. некои од плажите на втор крак...


