Со лепша половина планираме накај Кушадаси, некој термин од 16ти Јули, 10 дена. Разгледувавме понуди, дали доручек и вечера или само вечера, тоа сеуште не сме одлучиле...Искуства, препораки за хотелче?
Засега, овој Sunny Hill е ставен на број 1 место. Немаме многу пари за трошење да фрламе 300 евра и згора за хотел, затоа нешто вака 
Ја бев пред 4 години во Сани Хил. Хотелчето е скромно,чисто, само проблемот е што е на брдо и има многу за пешачење... затоа и се вика хил

За надолу до градот се слага лесно но за назад е проблемот. Таксито беше скапо навечер. За на плажа се оди пешки до лејдис бич,а ако сакаш да одиш во другиот дел кај што се плажите ќе треба со мини бусчиња. Јас убаво си поминав, има доста тури што треба да се посетат за да ти биде исполнет одморот. Нуркање,Памукале,гробот на Богородица,акваленд... немој саму Сафари да си ја избрал турата со џиповите,срање е... Имате долу на плажата агенции кој ги организираат турите и нормално како и се ви Кушадаси се ценкаш за нив до крај

Ноќниот живот не е нешто посебно има многу енглези ,ирци...,скапи се пијачките 5 евра беше ефесот секаде а увозните пијачки уште поскапи. Храната е убава, имате ресторани низ градот што се на главната улица и се поскапи ,но позади нив се дупло поевтини... Ценкајте се за се,дури и во рестораните со тие досадните дечки што седат пред нив. Вреди да се види, јас го препорачувам.