Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1719564 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1035 на: 31 Јули 2012, 19:49:41 pm »
резервирано за 10 ноќи од 20ти август на Лефкада,во Агиос Никитас,одвај чекам да отидам.
мислам дека Дени имаше опширни постови за Лефкада,ако има и некој друг искуства нека сподели.Ме интересира бил некој во периодот ја кога ќе идам,има ли гужви или ок си е?

Јас се вратив од Агиос Никитас пред 1 недела. Местенцето ти е одлично. Малку е зезнато со паркинг, ама не е страшно. Најбитно за мене беше, супер маркети за пазарење. Во градчето имаш 3, ама се отров скапи, тамам се за леб - секој ден. Иначе накај градот Лефкада имаш Лидл, Веропулос, Џамбо и др. маркети. Одиш до лидл, се натоваруваш и раат си. Патот до Лефкада ти е одличен, голем, широк и раат за возење.
Плажата на градчето е супер, ако ти е мака да шеташ по други плажи, одлично е за дремење.
Тука од градчето се оди до една плажа, Милос. Доста интересна плажа, повеќе наменета за помлади луѓе, имаше доста нодуи/ски. Се оди пешки по едно ридче (стрмнио) од градчето или со бротче.
Па одма блиску ти е и Катисма бич, таму си одиш со кола. Паркинг имаш таму раат и одлична плажа. Поготово на зајдисонце.
Порто кацики вреди да се посети, ама да знајш дека се плаќа 3 или 5€ за паркинг.

Друго ако ти треба пиши, ќе ти кажам се шо те интересира.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1036 на: 31 Јули 2012, 19:53:53 pm »
Е Г Р Е М Н И !!!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1037 на: 31 Јули 2012, 19:55:29 pm »
фала на инфо,се ми е корисни и ќе се најде.на работа исто имам 4-5 колеги што веќе биле лани и порано,па имам доста информации,ама никад доста:)
ме интересира,преку Битола идеше или од кај Богородица?и како е со бензински по пат?што препорачувате,пошто ми е дизел колата,на која да полнам,Шел?ги има ли доста по пат?реално,колку км се проаѓаат на лефкада за 10 дена,300-400 или?
и ова,кое време е најдобро да се иде на плажа да се фати добро паркинг место?накај 10?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1038 на: 31 Јули 2012, 19:56:10 pm »
резервирано за 10 ноќи од 20ти август на Лефкада,во Агиос Никитас,одвај чекам да отидам.
мислам дека Дени имаше опширни постови за Лефкада,ако има и некој друг искуства нека сподели.Ме интересира бил некој во периодот ја кога ќе идам,има ли гужви или ок си е?

Јас се вратив вчера од Лефкада, а бев и во Агиос Никитас. Всушност Агиос Никитас ни беше првото место што сакавме да се сместиме таму но одкога отидовме, се паркиравме ии спаднавме од колата одма се премисливме. Местото е многу мало, до него има 2 добри плажи, посебно добра е Катизма, како и барот што е горе(ова препорака од Дени). Во глобала инаку плажите се преубави, водата исто така. Е сега за да стасаш до тие плажи потребен ти е превоз, ако си со кола е Ок донекаде, иако има 30-40мин пат во 1 правец, додека ако планираш да одиш со превоз задолжително е изнајмување на скутерче таму. Патот додтаму е супер, имаш 400км супер добар автопат без полиција и 180км региоанлни патишта кој се во доста солидна состојба. На автопатот пази на камерите кој сликаат пречекорувања на брзина. Покрај катизма имаш и други солидни плажи, како Егремни, на која бев само со брод но не бев воопшто воодушевен од неа, убава плажа но запоставена и пуста некако, за разлика од неа Порто Кацики ме бендиса премногу, и убаво беше што имаше фри деливери од ресторан кој се наоѓаше горе по доста пристапни цени(гиро 2.5, Пиво 2.5, вода 1, кола 2...) убаво на порто кацики е и што до 13ч има природна длабока сенка од карпите на цела плажа, што за мене беше вистински раат :D, и би ти препорачал да ја посетиш за мене лично плажата кај што е најубаво за бањање, Агиофили. На плажата нема барови, нема продавници, исто така нема ни сенка, но водата е одлична, на таа плажа цел ден не испаднав од вода.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1039 на: 31 Јули 2012, 19:57:34 pm »
Извештај за Лефкада од некој наш тип што бил таму. Секоја чест за деталниот опис и сликите.

http://moitepatuvanja.blogspot.com/2012/07/1.html

http://moitepatuvanja.blogspot.com/2012/07/2.html

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1040 на: 31 Јули 2012, 19:59:20 pm »
Гориво на Shell, нафтата ти е од 1,48 до 1,55 евра.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1041 на: 31 Јули 2012, 20:01:53 pm »
^^ Покачена е малку. На Шел В-Пауер дизелот е 1.59 додека Фуел Сејв дизел е 1.54. На островот цените се за некој цент поскапи така што дизелот на Ревоил е 1.57, додека на БП оди и до 1.61. За бензински не е страшно. Полниш цел резервоар на граница, после тоа кога испаѓаш од автопат одма има шел го полниш цел одново, се возикаш до островот, на островот....си тргаш накај Македонија, повторно пред да влезеш на автопат ставаш цел резервоар и си стасуваш дома со Пола резервоар полн :D, барем така беше кај мене. Јас направив 1600км вкупно, но бев 4 пати до порто кацики, и 4 пати до нидри, на враќање бев и до космос па и таму имав дополнителни 60км.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1042 на: 31 Јули 2012, 20:02:00 pm »
Идам и јас на лефкада за 3 дена ама некаде поблиску до главниот град на 3-4 км.
За највише информации идете на: http://www.putovanja.info/forum/forum/36-lefkada/ (ваљда не е проблем линков)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1043 на: 31 Јули 2012, 20:19:56 pm »
Кажете на крациве кај има (повеќе) плажи со убав ситен песок?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1044 на: 31 Јули 2012, 20:32:49 pm »
Плажите околу Сарти, ако се снајдеш. Јас многу пати сум бил , ама се ме носат, никако неможам сам да се снајдам.
Инаку колку и да не ги сакам краците, плажите околу Сарти се феноменални.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1045 на: 31 Јули 2012, 20:36:59 pm »
+1.....сарти дефинитивно за плажа, пукнато поле и ситен песок,
исто и во порто карас е слична.
друга таква само не на халкидики има во врасна.

се ова другово е 2м ширина и еден куп народ.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1046 на: 31 Јули 2012, 23:11:49 pm »
Сабота тргам за Хрватска-Макарска, ме интересира ако знае некој да ми каже на колку км од Макарска се наоѓа Брела и дали има редовни автобуски линии до Брела? На мапа ми ја дава на 15км ама не сум сигурен дека е истата...
Исто ми треба инфо што вреди да се посети на Брач (златни рат секако) и на Хвар?

Танкишен  :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1047 на: 31 Јули 2012, 23:19:43 pm »
Таа е таа Брела :) Појма немам дали има редовни автобуски линии.

Како ќе одиш до Брач/Хвар? Ако одиш со тоа организираните тури мислам дека носат до Бол на Брач и Јелса на Хвар. На Бол ти е Златни рат. Во Јелса немаш ништо посебно да видиш.

На Хвар има доста работи што може да се видат, ама пред се зависи што сакаш, каде точно на Хвар ќе одиш и што превоз ќе користиш таму, ако користиш.

Пред некој саат се вратив од Хвар, па тазе ми е.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1048 на: 31 Јули 2012, 23:31:16 pm »
Требаше со кола да одиме ама екипата откажа па ќе одам со автобус.
Ќе морам да го користам организираниот превоз таму што го нудат, кажувај што ти се бендиса и што вреди...
Цени ако памтиш до Бол или Хвар... Шо требит а шо не требит...  ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #1049 на: 31 Јули 2012, 23:48:19 pm »
Цени не знам до островите, затоа што јас бев сместен на Хвар ;)

На Бол ти е Златни Рат за гледање, и имало некоја тврдина или така нешто и таму се гледал убаво одозгора, ама мене бура ме фати па морав со друг превоз да се враќам до Хвар, не можев со бродчето со кое дојдов и немав време да го најдам тоа место. На Златни рат може да дува малце повеќе, и нема песок, да не си мислиш дека е песочна плажата ;D Јас првиот пат пред не знам колку години се разочарав малце.

На Хвар ако ве однесат на Јелса, а најверојатно таму ќе ве однесат дека е најблиску до Бол, појма неам што би ти издвоил. Мало слатко гратче на море, нема ништо посебно искрено. Слаткарницата во центарот ја држи еден од Тетово, добар лик :)

Е сеа ако некако отидете баш во градот Хвар на Хвар, за бањање може да одите на Паклени отоци. За таму имаш повеќе избор, зависи што сакаш Јеролим ти е за нудисти(не бев таму), Стипанска ти е Carpe Diem Beach, не е баш ефтино за јадење и пиење, лежалки зависи какви ти се од 20 евра за двајца, до 5-6 евра за човек. Идат релативно дотерани јахташи, некој си џет сет и позери. Има и нормален народ секако. Плажата е од карпа во вода, ама водата е стакло чиста. До Јеролим и Стипанска такси бродче ти е 5 евра во два правци, по човек.

На Паклени мене најдобро ми беше на Палмижана. Има еден ресторан што не е на море, таму јадев еднаш, и три на море.  Во првиот се супер пријатни луѓето, нивниот прадедо го купил островот пред 100 и нешто години, ама комуњарите му го земале и сеа имаат само ресторани два и бунгалови што изнајмуваат. Уметнички типови, убава храна. Едвард Нортон  и Џон Малкович го обожаваат местото :)
Барот на плажа кој е најинтересен се вика Лаганини и е најдалеку од марината, ама лесно се наоѓа. Цените исто се подносливи ако не претеруваш, али сигурно поскапи од Макарска ;)

Ако не те интересира бањање, прошетај низ Хвар, во стариот град, оди до Хотел Амфора по обала (таму ти е и Hula Hula Beach bar, после 17ч таму е забавата). Ако сакаш да јадеш морско, најдобар ресторан е Giaxa http://www.giaxa.com/giaxa/setLanguage/hr/about . Јадењето вреди за секоја куна, преку ден може и да нема премногу гужва, навечер мора да се резервира или да чекаш. Ако не ти се даваат доста пари на јадење можеш да јадеш пица во тие рестораните на плоштадот. За благо, тортички, мафини и слично позади Carpe Diem на ривата, има едно мало продавниче. Прашај само едно такво е таму во тие уличките.

Да беше со некакво превозно средство на Хвар ќе ти кажев уште неколку ували, ресторани, пицерии.

И слики ќе ти ставев, ама ме мрзи да го отпакувам лаптопот :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.