Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1863822 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3502
  • Хюндай Тюсон
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9480 на: 11 Август 2026, 09:55:44 am »
Никој нема принцип и доблест да почитува туѓа личност и интегритет. Од тука потекнува се, и минување на црвено, и дивоградби и се.

Јас ова го дефинирам малку поинаку.

Заборавивме што значи „заедничко“ и „заедништво“. Наместо „Ако на сите ни е убаво, и на мене ќе ми биде убаво“ отидовме во другиот екстрем - „Мене да ми е убаво, другите кој ги е*е“.

И тоа се гледа насекаде.

Плус, низ годините ни се наметна една (би ја нарекол, иако можеби погрешно) патологија, дека за сè, ама буквално за сè, треба да ја бараме најевтината опција. И спремни сме да одбереме и земеме нешто што е 5 пати полошо, само заради тоа што е 5% поевтино.

Не заборавивме туку се научивме дека не вреди да се трудиш за заедницата низ безброј примери. Пример гледајќи како поминаа бранителите и нивните семејства во 2001 некој од вас ќе земе оружје да ја брани Македонија? Јас сигурно не.
Гледајќи како поминаа луѓето кои се обидуваа да спречат промена на име некој од вас ќе протестира за било каква државна работа? Јас сигурно не.

А од друга страна гледаме како оние што работеле спротивно на интересите денес се со ферариња, јахти и вили.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9481 на: 11 Август 2026, 10:03:43 am »
Не мора да гледаш на тоа дека "работиш" за заедницата, доволно е да си искрен и принципиелен спрема самиот себе. Да не ја фрлиш лименката низ прозор од кола кога никој не гледа. Да ја направиш правилната работа секогаш. Да се прашувам јас, би вовел стоицизам уште во прво одделение.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30808
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9482 на: 11 Август 2026, 10:25:20 am »

И заради сето ова, океј ти е фрлање ѓубре насекаде? Океј ти е намерно уништување паркови, игралишта и фрлање ѓубре во шуми и реки?

Наједноставен пример кој го давам е празнење пепељара од кола на улица, обично додека се чека на семафор. „Мене во кола да ми е чисто, а другите кој ги е*е“. Пред неколку години, по пат накај населба Бардовци начекав еден човек во години како паркира, отвара багажник и остава кеси со ѓубре покрај бандера. И застанав и му реков „господине, ви личи на годините“. Ме погледна, и ми одговори „ама далеку се контејнерите“. Како бе далеку, со кола си? И самите си го правиме ова. Локалците фрлаат ѓубре. Не доаѓаат од америчка амбасада да ни го фрлат ѓубрето во шума.

Едноставно, немаме никакво чувство за лична одговорност. Односно тоа чувство за лична одговорност (ако воопшто постои) завршува на прагот од дома.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5506
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9483 на: 11 Август 2026, 10:34:03 am »

Trgni od toa deka posle nevremevo nieden ama niedenne se simna da zameti ili da podsobere granki pred zgrada. Cekame od opstinata, od gradot od neznam koj.....

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22367
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9484 на: 11 Август 2026, 13:03:32 pm »
Не мора да гледаш на тоа дека "работиш" за заедницата, доволно е да си искрен и принципиелен спрема самиот себе. Да не ја фрлиш лименката низ прозор од кола кога никој не гледа. Да ја направиш правилната работа секогаш. Да се прашувам јас, би вовел стоицизам уште во прво одделение.

Стоицизам во прво одделение во рамки на балкански образовен систем ти е ко да ставиш Michelin Pilot Sport на Стојадин со зарибан мотор.

И тие предмети што ги учат децава им се многу.

Тоа што си го пишал се учи дома уште пред да го пратиш детeто во прво одделение ама си кошта твое слободно време, нерви и трпение да повториш некои работи и по 100 пати на детето, а не да трчаш кец у кец да уплатиш на Милан - Јувентус, па после у кафана уз Драгана Миркович до сабајле.

Дури и да ти успее ова погоре, ќе пратиш воспитано дете во полураспаднат образовен систем каде 15 од 20 деца ќе ја фрлат лименката низ прозор и ќе им се смеат на другиве 5 зошто лименката ја вратиле во ранец.

Oд наставници и педагози ( кои треба да се некаков втор авторитет после родителот дома во тие години ндецата), наместо превезеамње мерка,укор и јасно издвојување на васпитани од неваспитани деца имаш генерален (газење по јајца) став дека "она била многу разочарана од дисциплината на одделението" во кое учат и 5те деца кои не фрлаат лименка низ прозор.

И ние ќе ги учиме стоицизам?

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7197
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9485 на: 11 Август 2026, 13:44:26 pm »
Кратко и јасно, на многу луѓе им фалат првите 7год од животот

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3802
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9486 на: 11 Август 2026, 14:06:21 pm »
Дечки, да не реплицира на секого, прво се почнува од себе. И како пример, после неверемето: оваа држава, градови, имаат служби, претпријатија. Секој граѓанин плаќа данок за тие претпријатија. Тоа го плаќаме ние што сме тука или живееме моментално.

Кога ќе се преселиш било каде во Европа, не Африка, и таму ќе плаќаш за да имаш feedback. Дали вие разбирате дека имаш нефункционални служби, луѓе кои управуваат со нив и одма уште од старт прават нефункционална средина? Не знам што не ви е јасно.

Сите ние сме платиле да немаме ѓубре по улица, да имаме служби, да има камери, да има казни, да има судови, адвокати, пресуди итн.

Не ставајте ги сите луѓе во кош, дека се сите тие што загадуваат. Казни го тој што загадува. Јас знам многу луѓе што не се огрешиле буквално во ништо, на мравка немаат стапнато, па полошо имаат поминато од системот. И еве ги сега во Германија, Белгија, којзнае каде не.

Значи, партиите се одговорни за состојбата. Не народот. Народот што? Дај да го стреламе ако треба, па да не нема?

Имаш нефункционални претпријатија, директори, вработени и сè останато. Проблемот барајте го таму. Зошто овие 35 години се сериозна бројка, а ние никаде не сме мрднале?

26 илјади плата — 450 евра. Алооо, 2026 година сме! И ние збориме за уредување и напредок, додека ѓубрето во нормални земји се селектира. Што кај нас не се селектира? Што, државата и тие што ја водат државата немаат унапредено ништо?

Најлесно е да го обвинувате народот. Ни крив, ни должен народот. Тој што прави штета — казни го. Нема кој да го казни, нема кој да го пресуди.

Јас знам дека овде поголем процент немате направено никаков прекршок, а сега, божја правда, плаќате казна за прекорување. Пет километри сте возеле повеќе. Ако е 50, си возел 55 — ќе платиш.

Ужас, страшно. Двете партии колку ја уништија оваа држава и ја направија нефункционална тоа е страшно, Океј ситете се на народот ке си замине лека полека од тука после ке имате сограѓни пакистанци индијци турци чим наши ви не чинат. Утре ваши наши деца ке растат со овие и ке градат држава.Размислете пред уста да отворите и плукате по сопствени комшии луѓе јазик кој зборат народ не е крив , криви се  партиите. Ја не знам ваква мизерија ваков убав народ не зависно мажи жени да ти го уништуваш и поонижуваш а сакаш Европа а намерено не практикуваш Европа еј 450 евраплата бе луѓе дали е нормално бе ало ужассссс
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9487 на: 11 Август 2026, 14:18:10 pm »
А што се партиите, некое апстрактно тело каде нема луѓе, туку вонземјани или некои други форми на живот? Народот ја прави или ја гнаси државата, јасно е. За жал Македонија ја гнаси поголем дел од народот, затоа е така како што е.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9488 на: 11 Август 2026, 15:10:02 pm »
Фали работа на родителите со децата. Тазе родителите не посветуваат воопшто време на своите деца. Да ги научат каде се фрла ѓубре, да кажуваат добар ден, пријатно, фала. Најосновното. Потоа доаѓа читање, пишување, емпатија, праведност и се останато.

Црева ми се превртуваат кога ке видам дете во ресторан, седнато да јаде со мобилен или таблет пред него. Не можел да јаде, ако не гледа цртани. Синот го носевме пред 2 месеци да го запишеме во прво одделение, во прашалникот има прашање дали и од кога има мобилен. Дете од 6 години.

Дур е мало, со лесно можеш да го научиш. Штом ке порасне, само со казни.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1268
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9489 на: 11 Август 2026, 15:14:09 pm »
Виде Трпејца, како се заградува паркинг. :D Државно земјиште. Не бе дур радоста се гледа низ ситен профит Охрид нема да го биде. Верувајте.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30808
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9490 на: 11 Август 2026, 15:38:27 pm »
Ситен профит од многу луѓе. И тука е заебот.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9491 на: 11 Август 2026, 15:58:32 pm »
Едноставно, немаме никакво чувство за лична одговорност. Односно тоа чувство за лична одговорност (ако воопшто постои) завршува на прагот од дома.

Во една добра анализа за појавата на ескалација на врсничко насилство и останатото околу тоа имаше една интерсна обзервација, а мислам дека е многу релевантна. Тоа е дека растеме генерации, а многумина веќе и се израснати со тој мајдсет, дека растеме во средина во која ние сме центарот на сѐ и најважни а при тоа сите останати се средство, услуга и може да се искористат или заменат бидејќи имаат многу помала „вредност“ од нас. Ако таа теза ја ставиш како примарна јасно е зошто ова што го гледаме околу е толку распорстрането.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22367
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9492 на: 11 Август 2026, 18:02:40 pm »
Охрид ова, Охрид она ..

Скопје: "Hold my skopsko":

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/neshto-ne-e-vo-red-so-nas

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7636
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9493 на: 11 Август 2026, 21:21:31 pm »
Фали работа на родителите со децата. Тазе родителите не посветуваат воопшто време на своите деца. Да ги научат каде се фрла ѓубре, да кажуваат добар ден, пријатно, фала. Најосновното. Потоа доаѓа читање, пишување, емпатија, праведност и се останато.

Дур е мало, со лесно можеш да го научиш. Штом ке порасне, само со казни.

Ај па ти, основно воспитување и основна култура да ги учат? 

Битно пасошот на детето од 5 години е географски атлас, нема континент кај што нема поминато по барем по 3 држави.

Како иначе ќе бучи инстаграмот на мамичка и татичко?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2942
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9494 на: 11 Август 2026, 21:25:21 pm »
Проблемот настана кога на наставниците им се забрани да бидат наставници, туку се направија дадилки што пренесуваат знаење. Без никакви укори, без вербални и физички мерки. И со Viber групи за информирање на мамичка и татичко.

И кога на родителите им стана побитно дали кучето е искакано и прошетано, отколку воспитување на своите деца.

Абе порано дома не смееа да дознаат дека сме правеле глупости у школото, ќе те здрват уште толку.
Сега се гордеат со тие глупости.