Дечки, да не реплицира на секого, прво се почнува од себе. И како пример, после неверемето: оваа држава, градови, имаат служби, претпријатија. Секој граѓанин плаќа данок за тие претпријатија. Тоа го плаќаме ние што сме тука или живееме моментално.
Кога ќе се преселиш било каде во Европа, не Африка, и таму ќе плаќаш за да имаш feedback. Дали вие разбирате дека имаш нефункционални служби, луѓе кои управуваат со нив и одма уште од старт прават нефункционална средина? Не знам што не ви е јасно.
Сите ние сме платиле да немаме ѓубре по улица, да имаме служби, да има камери, да има казни, да има судови, адвокати, пресуди итн.
Не ставајте ги сите луѓе во кош, дека се сите тие што загадуваат. Казни го тој што загадува. Јас знам многу луѓе што не се огрешиле буквално во ништо, на мравка немаат стапнато, па полошо имаат поминато од системот. И еве ги сега во Германија, Белгија, којзнае каде не.
Значи, партиите се одговорни за состојбата. Не народот. Народот што? Дај да го стреламе ако треба, па да не нема?
Имаш нефункционални претпријатија, директори, вработени и сè останато. Проблемот барајте го таму. Зошто овие 35 години се сериозна бројка, а ние никаде не сме мрднале?
26 илјади плата — 450 евра. Алооо, 2026 година сме! И ние збориме за уредување и напредок, додека ѓубрето во нормални земји се селектира. Што кај нас не се селектира? Што, државата и тие што ја водат државата немаат унапредено ништо?
Најлесно е да го обвинувате народот. Ни крив, ни должен народот. Тој што прави штета — казни го. Нема кој да го казни, нема кој да го пресуди.
Јас знам дека овде поголем процент немате направено никаков прекршок, а сега, божја правда, плаќате казна за прекорување. Пет километри сте возеле повеќе. Ако е 50, си возел 55 — ќе платиш.
Ужас, страшно. Двете партии колку ја уништија оваа држава и ја направија нефункционална тоа е страшно, Океј ситете се на народот ке си замине лека полека од тука после ке имате сограѓни пакистанци индијци турци чим наши ви не чинат. Утре ваши наши деца ке растат со овие и ке градат држава.Размислете пред уста да отворите и плукате по сопствени комшии луѓе јазик кој зборат народ не е крив , криви се партиите. Ја не знам ваква мизерија ваков убав народ не зависно мажи жени да ти го уништуваш и поонижуваш а сакаш Европа а намерено не практикуваш Европа еј 450 евраплата бе луѓе дали е нормално бе ало ужассссс