Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1853088 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9420 на: 20 Јули 2026, 10:02:12 am »
Поврзано со летото, некој да даде предлог за базен во Скопје, односно околина на Скопје, проверена работа од аспект на хигиена и ок храна, сакам овој викенд фамилијарно да отидеме на некој добар базен. 

Што ќе кажете за Авка парк Пробиштип, некој со искуство од таму?

Планирам некој од понаредните викенди да одам во Гевгелија во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar, ми го пофалија доста, од секој аспект.
Да се надоврзам, можеби на некој ќе му користи. Саботата бевме на базенот во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar во Гевгелија и бев изненаден колку беше добро местото, растеретено, убави лежали со доволно просптор една од друга, големи чадори, хигиена 10-ка, ок цени, вода топла и чиста, убава атмосфера. За секоја пофалба.

Своерачен потпис ;)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4100
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9421 на: 20 Јули 2026, 13:27:22 pm »
Поздрав од Љубаништа, и неизбежен џип паркиран на плажа :)

New blood of old school

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4226
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9422 на: 20 Јули 2026, 14:13:09 pm »
Кога викам дека си треба џип....
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9573
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9423 на: 21 Јули 2026, 14:11:44 pm »
Kampira coekot spie vnatre

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6392
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9424 на: 21 Јули 2026, 14:33:23 pm »
Еее каков камп беше, на времето, пола живот сум го поминсл таму. Сенки дебели колку сакаш, сега е змијарник со три дрва на крст, цела малограѓанштина/живари шо не знаеле поимот камп шо значи се насобрани во првиот ред мислат и дека нивни е кампот, ама пвц врати има во нужниците сеа и нормално мора малце цените Халкидики да бидат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4100
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9425 на: 21 Јули 2026, 15:31:53 pm »
Кампот уште е убав, само што шерифи вака од време на време што се појавуваат. Инаку и лента му ставија на влага тука со колата, али скопјанишчево не ебе жива сила, еден од тие од прв ред :D
New blood of old school

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2582
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9426 на: 21 Јули 2026, 21:49:50 pm »
Има и измамници кои наводно продаваат приколка во прв ред за 7-8 илјади евра, а притоа забораваат да спомнат дека ја продаваат само приколката, не и правото да се превземе местото. За местото уште 15 илјади во кеш ама тоа отпосле доаѓа.


Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9427 на: 21 Јули 2026, 22:59:56 pm »
Оваа година прв пат на Јерисос на одмор, топ место, водата стакло чиста, плажата со покрупен песок, навечер нема мн галама, баш човек да се одморе. 😄

Тек па Амуљани да видиш што е :D

Амуљани е одлично место. Мал остров, одлични плажи, супер јадачка. Возењето со траект е 15-20 минути. Топла препорака од мене за Амуљани.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4100
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9428 на: 22 Јули 2026, 20:13:01 pm »
Има и измамници кои наводно продаваат приколка во прв ред за 7-8 илјади евра, а притоа забораваат да спомнат дека ја продаваат само приколката, не и правото да се превземе местото. За местото уште 15 илјади во кеш ама тоа отпосле доаѓа.



За местото си плаќаш закуп, никој нема имотен лист :)
New blood of old school

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6392
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9429 на: 23 Јули 2026, 00:30:53 am »
Ако расшетавате околу Мечово/Метеора имате дооообро вештачко езеро шо полни очи, водата е феноменална за капење и остало, ма да и доволно е да се изнаполнат очи.
Изживеав неколку дена овде в кола уловив оброци за сите комшии, разменавме по нешто 😀, нема комодитети, амс вреди за очи полнење.Позади Метсово.
Има и мн други ама познати сме по усеравање места :)





















phone keypad letters converter
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30771
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9430 на: 23 Јули 2026, 09:58:20 am »
Леле браво за местово. Па и зелено, убаво..

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9431 на: 28 Јули 2026, 13:03:26 pm »
Ај некој што бил на Лефкада ако сака да напише реално искуство во однос на самото капење на овие познатите плажи. Дека е убаво, дека бојата на водата е нестварна, дека има кафичи и ресторани со феноменален поглед се тоа ми е јасно, ме интересира конкретно дали можеш да се капеш или  само ќе влезеш на почеток до колена и ќе те лупаат бранови цел ден. На 90% од сликите и видеата што ги гледам од сите плажи има ненормално многу бранови и луѓето само си разладуваат нозе во плиткото.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9432 на: 28 Јули 2026, 13:10:05 pm »
Јас сум бил одамна, 10 дена беа, од тие 7 немаше бранови (или можеби некогаш имаше мали што не влијаеја на пливањето), на 8миот имаше огромни, и не беше за бањање, опасно беше. Следните 2 дена водата беше ладна и матна сеуште од песокот што го креваа брановите. Мислам дека зависи какво време ќе ти се погоди.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7869
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9433 на: 28 Јули 2026, 13:29:00 pm »
Ај некој што бил на Лефкада ако сака да напише реално искуство во однос на самото капење на овие познатите плажи. Дека е убаво, дека бојата на водата е нестварна, дека има кафичи и ресторани со феноменален поглед се тоа ми е јасно, ме интересира конкретно дали можеш да се капеш или  само ќе влезеш на почеток до колена и ќе те лупаат бранови цел ден. На 90% од сликите и видеата што ги гледам од сите плажи има ненормално многу бранови и луѓето само си разладуваат нозе во плиткото.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk



Зависи од неколку работи. Која плажа, и каков пливач си. Катизма е позната по високи бранови, и има период од едно 30 секунди кога брановите ке се смират, кога можеш да влезеш и излезеш од тие 10 метри каде што брановите се најизразени. Има денови кога воопшто не можеш да влезеш.

На Милос скоро секогаш било мирно за пливање(можеби јас така сум трефнал). Порто Кацики скоро секогаш било мирно. Егремни исто.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9434 на: 28 Јули 2026, 14:12:03 pm »
Лефкада по мене е очајна гужва особено Јули и Август. Плажите (тие светкавите) се родибабо дете ако се симнуваш од копно. За секоја обавезно кола. За најсветкавата Egremni, да се симнеш душа ќе ти излезе. Пешки удоле пешки угоре. Бродските тури олеснуваат секако. Јас еднаш и никад више.
Кефалонија е посува на пример, ама има и подостапни плажи. Мислам дека е подобар избор.