Поврзано со летото, некој да даде предлог за базен во Скопје, односно околина на Скопје, проверена работа од аспект на хигиена и ок храна, сакам овој викенд фамилијарно да отидеме на некој добар базен.
Што ќе кажете за Авка парк Пробиштип, некој со искуство од таму?
Планирам некој од понаредните викенди да одам во Гевгелија во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar, ми го пофалија доста, од секој аспект.
Да се надоврзам, можеби на некој ќе му користи. Саботата бевме на базенот во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar во Гевгелија и бев изненаден колку беше добро местото, растеретено, убави лежали со доволно просптор една од друга, големи чадори, хигиена 10-ка, ок цени, вода топла и чиста, убава атмосфера. За секоја пофалба.
Да ја завршам почната приказна, чисто како податок и мој личен впечаток.
Бевме викендот во Пробиштип, ајде конечно да го видиме Аквапаркот.
Цена влез: по мене ок, 1350 ден за 2 возрасни, 1 дете 11 години, за малата од 3 години не се плаќа.
Паркинг: Има доволно место, мада ние бевме таму 10:15, искрено бев прв на паркингот

.
Содржина: Слободни лежалки има до кај 12:00 часот, има доволно избор на базени/базенчиња, за мали и големи, таман да не се осети дека има гужва. На поголемата и беа интересни тобоганите, мрзлива река (со слаб проток, мора да си помагаш со раце и нозе ама не ни сметаше).
Негативно (по мене):
Знам дека кога државата го направи (сега не знам каков статус има) идејата беше да има содржина за тој регион, по некои прифатливи цени. За мене не е прифатлива цена 80 ден за мала вода 0,5, или 140 ден за Златен даб 0,3, или сладолед на стапче 120 ден. Цената на порциите (хамгургер, пилешки прсти) беше околу 300 ден, не е прескапо за такво место ама квалитетот не одговара за платеното.
На влезот ги претресуваа ранците и на едно дете му го земаа смокито од 12 денари. Тоа дете дали од Пробиштип, Виница, Кратово, треба да плати карта од 500 денари, плус пат зависно од каде доаѓа, плус ако изеде и испие нешто таму, не е испод 1000 денари а ти му го зимаш смокито. Ги претресуваа сите, и возрасни и мали, го отвараа секој ранец.
Хигиената е на лошо ниво, посебно во вецеата.
Треба да се реновира и обнови, некои делови се опасни, имаше дупки во даските на платформата околу базените, штрчат летвички, дупки во тобоганите (среќа странични ама сепак опасни ако некое дете се обиде да стави рака).
Водата е ладна во базените, мене лично не ми смета ама со мало дете не е препорачливо повеќе од 15 мин да седи во водата.
По мене, вака како што е сега, да се отиде, да се види и здравје, не знам дали во догледно време би го посетил со деца пак, додека е вака, сигурно не.
Така да, после Авкапаркот, следниот ден пак отидовме во Гевгелија, Коконаут бич бар, нема содржина како аквапаркот, ама сосема доволни се големиот базен и двете мали преградени внатре во големиот, поевтино, далеку подобра услуга и многу релакс атмосфера, нема гужва. Водата пријатна, чиста стакло, хигиена на екстра високо ниво. Така да до крај на летото, пред Грција и после Грција, дефинитивно ќе гледаме максимум да ги искористиме деновите од одморот и секоја можност да го посетиме базенот, посебно кога остануваме во Демир Капија.