Во петокот иако официјално почна тој систем, на грчка граница немаше ништо. За 15 минути поминавме, буквално најбрзо проаѓање до сега. Сепак, на враќање во неделата сликање и земање отпечатоци. Среќа имаше 5 коли пред нас и се беше во најдобар ред. Моравме да излеземе од кола, да ги дадеме пасошите, да се местиме пред камерчето/сталакот и да гледаме во него за да не сликне и после четирите прста од десната рака ги ставаш на скенерот под камерчето, ги држиш некои 5 секунди цврсто т.е. додека не ти каже дека е готово полицаецот и тоа е тоа.