Лани не бевме на Кипар, откажав се, на една недела пред одење. Сите сместувања, rent-a-car, паркинот на солунскиот аеродром - сите излегоа фер и откажаа резервации, атие што имаат повлечено средства - ми ги вратија, освен секако RyanAir бидејќи немаат refund.
Се дијагностицира здравствен проблем од страна на фамилијата кај девојката и немаше смисла, ниту поента да се патува било каде во тој хаос.
Годинава - се мислев дали да се вратам пак во Мармарас (по петти пат во три години). Дури и резервирав седум ноќевања во истото сместување каде што одиме.
Но, сепак мислам дека Ситонија ќе ја оставам за некој продолжен викенд.
Резервирав Кефалонија, два термина преку Booking (и двата се со бесплатно откажување и не бараа картичка при резервација) бидејќи сеуште трае периодичното лекување што го спомнав погоре и не се знае кога ќе може да се оди на одмор.
Едниот е крај на јуни и почеток на јули, другиот е крај на август и почеток на септември.
Првиот е 400 евра за 8 ноќевања, а вториот е 510 евра за 8 ноќевања и е малку подобар.
На Кефалонија последно бев 2017-ма и си поминав предобро. Мешавина од сите три Јонски острови (Крф, Лефкада, Закинтос).
Некој ако го интересира - траектот што оди од Лефкада (Василики) до Кефалонија (Фискардо) е 40 евра за кола (по правец) и 10 евра од човек (по правец).
westferry.gr
@head - Пиши нешто, се сеќавам дека ти беше пред 2-3 години.
За траектот пожелно е да си резервираш билет однапред онлајн пошто нема многу термини дневно , а у сезона е гужва ,па да не ти се деси да чекаш до утредента слободно место на траект . Ова ти важи и за двата правци . Околу цените , една цена беше за кола до 4,25м а друга за коли над 4,25м ,али околу 40 евра беше отприлика. За возрасни цената беше 10 еур по особа .
Ја бев сместен во близина на Аргостоли , што беше добро за шетање навечер . Убав стар град , малку гужва има за паркирање , али се наоѓаше место .
А чим идеш на Кефалонија , треба да ги прошеташ плажите низ островот , а ги има многу . Од мене препорака за неколку , кои мене ми оставија впечаток :
- Vouti beach (
https://maps.app.goo.gl/XJGWNeWqd7vtbsag6 ) . Мала плажа , супер атмосфера , нема премногу гужва .
- Mirtos (најпознатата плажа на Кефалонија , слична на плажите на Лефкада (Катизма,Егремни) . Овде ти е стална гужва за паркирање , па ако идеш покасно рачунај дека некаде горе ќе можеш да паркираш .
- Плажата во градчето Скала (
https://maps.app.goo.gl/mgParxjFGeRydD6CA ) . Одлична широка плажа што нема многу гужва и е со песок и вода ко на краците .
- Антисамос - Добро организирана плажа со обезбедено паркинг место .Додуше ако не ти смета плажа со каменчиња , тогаш и оваа вреди да ја посетиш .
- Ако си у близина на Аргостоли , обавезно иди на Макрис Гиалос плажата (
https://maps.app.goo.gl/zpfpog7TozkvQj5EA ) . Добар бич бар има (Costa Costa) , плажа со ситен песок , мада знае да има гужва овде .
Од мене толку за сега , ако ми текне уште нешто , ќе дополнам :-)
П.С. Пази на дивите кози дур возиш по островот , знаат од никаде да се појават , а и дур се пентарат по карпите над патот знае и понекој камен да падне .