@R2D2 не се разбираме. Сите дронови од погоре на сликите се далеку поголеми од она што го лета
@balanar . Кај нас во Македонија, шансите да направиш инцидент со дрон каде што би имало пад на поголем авион/хеликоптер, се минимални, пред се зашто ние немаме такво активно небо.
No Fly Zones се одлично поставени кај нас, дури и пребезбедни се, зашто во огромен периметар не можеш да полеташ покрај аеродромите во Скопје и Охрид. Најмногу ми е страв од Цесни, зашто тие летаат со визуелно наведување, нема класичен flight path. За среќа, скоро никогаш не идам над таа 120 метри граница, и тие помали авиони ретко идат под таа висина.
Од искуство ти кажувам дека секој кој лета над 120 метри со помал дрон, обично лета право нагоре, затоа што има доста ветер горе, самиот дрон ти го кажува тоа, и ако земеш на 300 метри висина да леташ со 70 km/h во права линија, може комотно да го превртиш истиот.
Ова е ептен дебилно од погоре, во зона каде што активно се гасат пожари, да земеш и да леташ дрон. Мислам, малку common sense не е на одмет.