Дали возел некој кон Тирана преку новиот тунел што наводно е отворен од кај Дебар?
Ме интересира дали можеби е скратено времето на патување во споредба со Скопје - Приштина - Тирана.
Ама сум се дупел сам... Тргам преку Дебар демек живописен пат, пократко ради тунелот, нов асфалт...
Сообраќајка на самиот мост кај Дебар, колите во возна состојба ама едната странска, албанска, и нејќат да ги мрднат за жива глава.
Увидна полиција треба да тргне од Гостивар, тие изгледа од кафана не можеле да станат. Полицајците што беа на лице место викаат "ако имате време за чекање, чекајте, 2 и пол саати минимум.
Иако бев тргнат со доста време за трошење, сепак решив дека не можам да верувам на македонска полиција и тргнав преку Струга да пробам да стигнам на аеродром во Тирана.
И од таму ја ебавме работата иако возев доста брзо, и на крај си пропуштивме лет.
Памет за друг пат, нема ни да ми текне на поминување граница освен по автопат.