Нема апсолутно добро или лошо летување, место и сл. Сите може да се прекрасни или лоши, зависно од личните преференци, можности, темперамент, навики... Затоа и не вреди меѓусебно расправање. Треба да се проба и едното (две плажи во еден ден) и другото (нема палење кола додека си на одмор) или некоја средина, па секој сам ќе си оцени што му е поарново дадениот период. Затоа што и околностите и вкусот се менуваат.
Така на пр. син ми 2 год. одеше на Бали, една Малдиви, лани „најдобрите“ плажи на Тајланд и Виетнам и воглавном супер му беше (особено Бали), а за мене многу се по ОК грчките плажи отколку оние прекуокеански пусти со 10-тина капачи на еден км., големи и долги бранови и стварно не би сакал 10-15 ајкулчиња околу мене, ама “многу се питоми кога се најадени“. Или Скијатос, еднаш сум бил пред 10+ години никад више (мало градче престрмо за качување со излез на море 200-300 метри преполно со кафичи и таверни а и премногу туристи кои постојано трчаат некаде излезени од 2-3 крузери на кратко, сите плажи им се голден, оние 2-3 попознати мали и пренатрпани). Еден член погоре пак рече за него Скиатос е добар одмор.
И двајцата сме во право, затоа оди, види и терај како што ти е надобро.