@AlexAl1en јас истерав 10 дена во Цриквеница (Јадраново), со доста шетање по кварнерите. Гужва имаше крај на Јули почеток на Август, но не е нешто што не може да се поднесе, односно толку места има за шетање, што може да се избегне секаков вид напор. Септември е секако порелаксирано. Моето шетање беше од Нови Винодолски до Опатија, Риека, Цриквеница, уште некои помали градчиња и островот Крк. Во Опатија појди во A&D Grill, добро пројдовме. Во Ријека има доста инфраструктурни градежни работи во тек и малце е „градилиште“ во моментов, но убаво е да се прошета по корзото и да се испие некое кафе. Таму во центарот баш и немаш некое место онака „покрај море“ да седнеш да уживаш, ние седнавме кафе и некое коктелче пиевме кај нивниот театар.
Пула и тој дел на Истра ги имам шетано пред 15 години, следната планирам да повторам.

3 дена ти се многу малку за фино уживање, подобро да се концентрираш на 2 или 3 места убаво да ги прошеташ, (Ровињ и Пула на пример) и да уживаш, отколку во 3 дена да инсистираш повеќе места да посетиш.
Цените се туристички. И секако зависи колку си спремен да потрошиш. Може да седнеш кафе (околку 2-2.5 евра) и пиво (3.5-4 евра) да испиеш за 7-8 евра по човек, а ако сакаш аперол или лимончело или некое такво пиќенце, ќе те кошта од 12-3 евра нагоре (зависи од место и позиција). Седнување у кафана е посебна приказна, имаш порција од 15-6 евра по човек (рачунај уште толку за пиење), па нагоре. Кугла сладолед 2 евра најчеста цена. Паркинг 2 евра по саат најчеста цена.