Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1295189 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3386
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8310 на: 11 Март 2024, 18:21:21 pm »
Можеш со картичка.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8311 на: 11 Март 2024, 20:45:01 pm »
Здраво дечки.
Дали може да се плати патарина во Србија, поточно до Белград со картичка, или морам да менувам во Динари ?

Де бе брат, дури и во Македонија може да се плати патарина со картичка.  ;D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5534
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8312 на: 11 Март 2024, 20:46:12 pm »
Абе заебано е. Плаќавме патарини со германска картичка од Германија до Македонија. За секоја трансакција задржуваше по 1.5€.

Банката беше Hypovereinsbank München.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8313 на: 11 Март 2024, 21:10:54 pm »
Во Германија имаш неколку видови на картички, Електронски кеш, дебитни картички, класични кредитни картички, кредитни картички што ги полниш со пари пред да ги користиш.

Секоја од нив има различно регулирање на користење во ЕУ, Европа (без ЕУ), Азија, Америка и различни цени за сите трансакции.

Јас пошто сум старомоден користам старомодна електронски кеш во Германија, и старомодна класична кредитна картичка што не наплаќа ништо за сите трансакции во Европа (вклучително и Балканот без ЕУ) и Северна Америка. Последните десет години немам платено цент за трансакција со шетање по светот.

Ич не е заебано ако си неписмен и не знаеш да читаш обични правила на користење на одредена картичка.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14199
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8314 на: 11 Март 2024, 21:35:47 pm »
Кога отварав сметка во Де ми дадоа 3 врсти на платежна картичка да одберам.
Најевтината беше месечно околу 7е(мислам) и после 5 трансакции,секоја наредна ти наплаќаше по 0.5е од трансакција.
Се разбира дека ја зедов најскапата варијанта која не дека нешто беше којзнае што скапо(12е,овие цени беа  пред 5г),сега се изменати.
Но доста луѓе земаа од најевтиниот "пакет".
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5534
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8315 на: 11 Март 2024, 21:37:55 pm »
Gold пакет беше, најскап.
Само во мк мислам така правеше. Германија најнормално си плаќаше.

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10929
  • 430i
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8316 на: 12 Март 2024, 07:59:37 am »
по пакетот осетиле каде лежи парата
си рекле удри кај овие, ништо не им значи 1,5евро + за 1 патарина

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7043
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8317 на: 12 Март 2024, 08:23:43 am »
Чек, не можам да сфатам, имаш картичка Виза/Маестро ја проаѓаш на терминал и ти наплатува дополнително провизија од цената?!?
Кај нас знам дека нема таква, само банката ги дере со провизија за трансакции под 100ден

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8318 на: 12 Март 2024, 09:04:08 am »
Во Германија има таканаречени ЕЦ картички или Електронски Кеш картички. Тоа не се дебитни картички. Иако имаат карактеристики како дебитни картички. Полека ги исфрлаат од употреба и ги заменуваат со стандардни дебитни картички. (Тој стандард и картички потекнува од едно друго време)

Нивното користење во Германија е исто како да плаќаш во готово. Трансакциите се директно врзани за сметка во банка. Овој стандард/начин на плаќање го има во Германија.

Многу од овие ЕЦ картички го поддржуваат и начинот на работење со дебитна картичка. НО, за секоја трансакција надвор од банкарскиот систем во Германија се наплаќа провизија за користење + ако треба да менува курс си наплаќа и за таа трансакција.

Дебитните картички издадени од германски банки исто имаат различни услови за користење и цена на трансакции за внатрешен германски пазар, ЕУ, и надвор од ЕУ. Многу од нив ги имаат условите и опциите како кредитни картички. Исто се поврзани со банкарската сметка на корисникот.

Кредитни картички има многу типови ама се делат на две идеологии. Сите од нив имаат различни членарини и цени по трансакција за плаќње/подигање пари од банкомат/користење на географска територија

Едната е: Префрлаш пари на виза/мастер/АмЕкс/..... и ги имаш за користење за најразлични трансакции по Германија, Европа, светот, и пошироко.
Другата е: Одбираш класична кредитна картичка од виза/мастер/АмЕкс/... Ги користиш за најразлични трансации по Германија, Европа, светот и пошироко. На крајот на месецот ти пристига сметка која треба да си ја платиш. 

Пак ќе кажам, ако извадиш ЕЦ картичка во Германија и со неа плаќаш надвор од Германија, треба да ти е јасно дека со неа можеш да плаќаш, ама не е баш најповолно затоа што не е дизајнирана и наменета за таков начин на користење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4176
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8319 на: 12 Март 2024, 09:15:10 am »
Gold пакет беше, најскап.
Само во мк мислам така правеше. Германија најнормално си плаќаше.
https://www.hypovereinsbank.de/hvb/privatkunden/banking-im-alltag/kreditkarten/mastercard-gold
Подоле вика 1.75% провизија ако не е Еур, а најверојатно има некој минимум кој е наведен во ценовникот.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20612
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8320 на: 12 Март 2024, 09:25:27 am »
Јас во октомври малтене сите патарини и вињети ги платив со Visa Classic Debit, нити провизија ми наплатија, ни ништо.

Веќе подолго време плаќам директно со телефон, врзан ми е со ПејПал и со кредитна картица, ама плаќам со ПејПал. Никогаш до сега не ми наплатиле провизија.

Може да има некоја ситна разлика при конверзија на валути од дента кога е направена трансакцијата, и на денот кога е реализирана, ама никогаш до сега на патувањава не ми била наплатена провизија.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7043
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8321 на: 12 Март 2024, 09:31:47 am »
Фала на одговорот @Luki Junior , убаво е човек нешто ново да научи :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5534
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8322 на: 12 Март 2024, 10:07:04 am »
@ficomk  да. Таа е.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8323 на: 12 Март 2024, 10:54:13 am »
Убаво да се знае, благодарност до @Luki Junior за деталното објаснување.

Јас си останувам на дебитна за сега, уште не ме убеди западњачкиот свет за кредитна...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20612
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8324 на: 12 Март 2024, 10:56:25 am »
Јас сефте лани извадив, пошто ми требаше да платам за сертифицирање, за жал не нудеа друг начин.

Иначе и јас не сум некој фан на кредитни картици. Ете ја, си седи у новчаник, нити ја користам, ни ништо, а прошли месец ми качија кредит на 2000 евра.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.