Во Лефкас плаќам 200 по човек за 8 вечери, локација 7 минути пеш од центар на град.
Си требаат пари за островов ако сакаш да го доживееш во целост, не е ова место за парадајз туризам...
Јас така си го терам, со столици на грб, сендвичи во ранец и дремење на плажа, ама си сака островчево парка - да глеаш зајдисонца во баровите на брдата, па да си седнеш после на морско и полкило узо, да си платиш лежалче прв ред и да дробиш овошни салати и винце...
Истото беше и кај мене, само во никиана сместени бевме, на 10 мин со кола ни беа и нидри и лефкас.. Цел остров го извртив преку сите патишта.. Со кола можиш да си носиш и лежалки и чадори и фрижидерче, секако на повеќето плажи нема ништо па заштедуваш многу..
До потешко пристапните плажи има бродчиња, конкретно на милос е 4 евра правец од човек за 2 минути возење.. изгор али ако не ти се свиѓа треба да пешачиш 45мин низ планина..
На зајдисонце бевме во аменте, коктел најобичен 15евра..седнуваш одма вода мала ти носи без да порачаш и ти ја наплаќа 2.5е..
Инаку да се поправам, не се жалам дека ми било многу скапо или незнам што, не е страшно сепак на одмор идиш и не се оптеретуваш со цените, ги кажав тука чисто да се знае што и колку кошта..