Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1520759 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Ова лето, каде на одмор [emoji47]
« Одговори #8085 на: 03 Септември 2023, 23:59:07 pm »
Лефкада изобилува со прекрасни плажи, баш на Лефкада парите се помал фактор за да уживаш.

Ја сум мкнел фрижидер со грч ладни пива по тоа скалите надоле на Егремни.  Ќе им платам 5 евра пиво. Си го питам.

Не можам да ве разберам со тоа кафаните на море.  Ко божем ненајадени, па сеа пицата колку коштала. На Јонско море вода за пиење да има доста ми е.
 


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8086 на: 04 Септември 2023, 00:07:36 am »
Во Лефкас плаќам 200 по човек за 8 вечери, локација 7 минути пеш од центар на град.

Си требаат пари за островов ако сакаш да го доживееш во целост, не е ова место за парадајз туризам...

Јас така си го терам, со столици на грб, сендвичи во ранец и дремење на плажа, ама си сака островчево парка - да глеаш зајдисонца во баровите на брдата, па да си седнеш после на морско и полкило узо, да си платиш лежалче прв ред и да дробиш овошни салати и винце...
Истото беше и кај мене, само во никиана сместени бевме, на 10 мин со кола ни беа и нидри и лефкас.. Цел остров го извртив преку сите патишта.. Со кола можиш да си носиш и лежалки и чадори и фрижидерче, секако на повеќето плажи нема ништо па заштедуваш многу..
До потешко пристапните плажи има бродчиња, конкретно на милос е 4 евра правец од човек за 2 минути возење.. изгор али ако не ти се свиѓа треба да пешачиш 45мин низ планина..

На зајдисонце бевме во аменте, коктел најобичен 15евра..седнуваш одма вода мала ти носи без да порачаш и ти ја наплаќа 2.5е..

Инаку да се поправам, не се жалам дека ми било многу скапо или незнам што, не е страшно сепак на одмор идиш и не се оптеретуваш со цените, ги кажав тука чисто да се знае што и колку кошта..

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8087 на: 04 Септември 2023, 00:07:59 am »
@Bravo

Чичин, види вака...

Ако сакаат плажи, ако сакаат вода за бањање,
кога ќе извозам како будала, кога ќе седнам конечно - _јас_ сакам добра вешалица, у најмала рука.

Па, нека има нешто и за мене, стопанему... :))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8088 на: 04 Септември 2023, 00:19:06 am »
 Ваљда на одмор кога се оди не се јади.
Одам на одмор не мислам да готви жената,пошо тоа го прави цела година,одам да се одморам и шо ќе ми текни на умот да си дозволам.
Ако немам за тоа,не одам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8089 на: 04 Септември 2023, 00:30:07 am »
Оди вамо бацка.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Ова лето, каде на одмор [emoji47]
« Одговори #8090 на: 04 Септември 2023, 07:38:44 am »
Ваљда на одмор кога се оди не се јади.
Одам на одмор не мислам да готви жената,пошо тоа го прави цела година,одам да се одморам и шо ќе ми текни на умот да си дозволам.
Ако немам за тоа,не одам.
За тоа се оди у Турција. Не на пица во Лефкада. На Лефкада се оди да шеташ по плажи и да глеаш природа. Тоа ми беше муабетот.
Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8091 на: 04 Септември 2023, 08:09:28 am »
Секој си го знае есапот, ама 200€ на Лефкада за 7 ноќи е ОК цена, јас 2014 бев плаќав 140€ по човек во Јуни месец. Така да после 9год. и многу работи изменети и поскапени таман е цената од 200€.

За пример во Никити плаќам 650€ за 9 ноќи, двособен апартман, 4 креветен, што исто така е во ред цена за денешни услови.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8092 на: 04 Септември 2023, 08:51:11 am »
...да глеаш зајдисонца во баровите на брдата, па да си седнеш после на морско и полкило узо, да си платиш лежалче прв ред и да дробиш овошни салати и винце...

одвојте едно зајдисонце на Рачи
овој период не би требало да има многу гужва

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8093 на: 04 Септември 2023, 11:03:28 am »
...да глеаш зајдисонца во баровите на брдата, па да си седнеш после на морско и полкило узо, да си платиш лежалче прв ред и да дробиш овошни салати и винце...

одвојте едно зајдисонце на Рачи
овој период не би требало да има многу гужва
Обавезно во Рачи. Ама не во кафичот, исклучиво во ресторанот.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8094 на: 05 Септември 2023, 09:05:41 am »
Има уште некој у грчка што ни се погоди вака "Убаво" времето за одмор?  ;D ;D :'(

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8095 на: 05 Септември 2023, 09:20:50 am »
Моите ке одат неделава, па ке видиме како ке им се погоди. :D
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8096 на: 05 Септември 2023, 09:28:34 am »
вика до четврток дожд после ќе се опраи

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8097 на: 05 Септември 2023, 11:01:06 am »
Во Лефкас плаќам 200 по човек за 8 вечери, локација 7 минути пеш од центар на град.

Си требаат пари за островов ако сакаш да го доживееш во целост, не е ова место за парадајз туризам...

Јас така си го терам, со столици на грб, сендвичи во ранец и дремење на плажа, ама си сака островчево парка - да глеаш зајдисонца во баровите на брдата, па да си седнеш после на морско и полкило узо, да си платиш лежалче прв ред и да дробиш овошни салати и винце...

За чесно заработени пари, нема срам.
Гледаш и сам во државава колку срам имаат изминативе 30 години што се изнакрадоа, што сега и нивни деца и внуци уживкаат на зајдисонца со коктели и овошни салати од што неможат да дотрошат тоа што украле.
Така да, работите повеќе се сакаат и ценат кога сам ќе си ги создадеш.

Имаше една приказна, прашувал купувачот, кој ја градеше куќата, ти или татко ти. Ако ја градел татко ти, ќе се договориме, ако ти си ја градел, ништо.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8098 на: 05 Септември 2023, 20:27:32 pm »
Има уште некој у грчка што ни се погоди вака "Убаво" времето за одмор?  ;D ;D :'(

Јас сум на Крит.
Денеска беше тмурно и дождливо, за утре треба малку да се подоправи, а во четврток 34-35...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8099 на: 05 Септември 2023, 23:13:11 pm »
Има уште некој у грчка што ни се погоди вака "Убаво" времето за одмор?  ;D ;D :'(

Јас сум на Крит.
Денеска беше тмурно и дождливо, за утре треба малку да се подоправи, а во четврток 34-35...
во полихроно не е баш оптимистична прогнозата