Ме интересира шо е различно од буковка и шампињон, и овие ванземаљлскиве печурки што вие печуркарите толку сакате да ги ловите и готвите/јадете.
На вкус се нешто егзотични или повкусни се поради возбудата што ги наоѓаш а се ретки?
Вистина барам одговор, не седнал никој да ми објасни до сега.
Се што си напишал во вториот пасус

Иначе да, башка вкус, пример тие жолтите-лисичарките мене ми се едни од омилените, ако ги сретнеш во природа мирисни ги, мирисот не е земјест туку потсеќа на кајсии, одлично одат во секое јадење, особено во сосови со паста, исто е здрава и за цревната флора, вргањот пак има по месест вкус, оди одлично со кромид и печења, тие две се најберени овде пред се заради што имаат откупна цена и народот е будал и ги продава на откуп за смешна цена од 50/100 денари за килограм, а килограм свежи насекаде по светот се 20/40 евра. Ма да има уште многу печурки кои се уште поубави од секој аспект, среќа нема откуп за нив, па може да ги уживаме во природата и за лик и за конзумација без некој да му еби мајката со несовесно берење од овие што ги берат за пари.
Ќе се јади зимава, pure slav ја спремам визбата со тегли







Sent from my Redmi 4X using Tapatalk