Можеби не е соодветна темава ама ќе пишам овде, можеби ќе одговори некој. А и ќе се најди како совет да си носите ситни евра за преку поедини граници.
Дали пп апарат е задолжителен во Косово (дизел кола, на физичко лице се води)? Знам дека може има разлика ако има плин или се води на фирма.
Пред некој ден влегував во косово на Блаце и косоварот почна да ми кажува како ќе ми пишел казна 80 евра за пп апарат, 80 евра оти не сум застанал на некој стоп знак

А едноставно еден куп коли имаше и се движев како и сите коли во колоната. Па после ми вика ај само за пп апарат ќе ти пишам 80 евра. И му викам то е, немам пп апарат. Па на крај ми вика стај нешто во зелениот картон. И му ставив 5 евра

, ко ги виде се разочара јако, фацата што ја направи беше бесценета, ама ме пушти

Среќа цариникот изгледа не не забележа оти и тој ќе бараше (во бугарија така ми имаат направено). Обично кога поминувам вакви џупски граници (косово, албанија и бугарија), а воедно и возам низ тие конкретни држави секогаш си носам поситни евра оти кусур не враќаат
