Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1526558 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7755 на: 02 Март 2023, 10:19:42 am »
реално, за одмор, само во Турција и Египет (и ако начекаш Грција) може да домориш за дадените евра
*не мислам за шетање и не мислам на варење макарони, туку одмор одмор
Минатово лето бев на Аланија со цурата, ultra all inclusive, хотел со 4 ѕвезди, околу ~1100 eur ни излезе смештај и превоз до таму. Претходно мислев дека сум одмарал на одмори, ама сега ОДМОРИВ одморив. Јадење колку сакаш какво сакаш, бар со секој алкохол што можеш да го замислиш, јадење/пиење на плажа, плажата буквално преку улица од хотелот, 2 базени отворени цело време плус. Ми постави стандард за како треба да изгледа одмор кога одиш уствари стварно да се одмориш, и дефинитивно од сега некои вакви аранжмани би барал доколку примарната цел е ресетирање батерии, а не шпартање и sightseeing.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7756 на: 02 Март 2023, 10:41:39 am »
Ништо од врахос. Јас се полетав по песочна плажа и дека водата била добра, очигледно е дека ептен сум утнал.
А општо сите плажи на Јонско се во брановити дел?

Барам, песочна плажа, мирна вода, и да нема урлање. Гледав од Зеро некои слики, кај што кампува, ми делува добра локацијата.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7757 на: 02 Март 2023, 10:46:45 am »
Ништо од врахос. Јас се полетав по песочна плажа и дека водата била добра, очигледно е дека ептен сум утнал.
А општо сите плажи на Јонско се во брановити дел?

Барам, песочна плажа, мирна вода, и да нема урлање.

Stavros, пред Аспровалта.
Или Вурвуру на втор крак. Lagonisi плажата на тој дел е според мене една од најдобрите во северна Грција.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7758 на: 02 Март 2023, 10:56:01 am »
Ставрос не би идел и да ми платиш ти...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7759 на: 02 Март 2023, 11:06:29 am »
Ставрос не би идел и да ми платиш ти...

Јас не сум бил, ама го фалеа доста лани Србите на Putovanja.info, кој ги знае.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7760 на: 02 Март 2023, 11:10:36 am »
Да му веруваш на дедо...

Ти бар деца немаш, шо к таму ќе бараш? Ставрос е за дечиња погоден...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7761 на: 02 Март 2023, 11:12:49 am »
Да му веруваш на дедо...

Ти бар деца немаш, шо к таму ќе бараш? Ставрос е за дечиња погоден...

На @bear му предлагав за Ставрос хахах

Јас се токмам за Крит.
2200+km не ми бегаат, вчера рачунав отприлика...

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7762 на: 02 Март 2023, 11:16:57 am »
Да го додадам и Тунис во темава, минатата година бев фамилијарно со женатата и малиот, и можам да кажам дека е во тесна конкуренција со Турција, со тоа што превзема водство со плажата, ситен песок а.к.а брашно. Има кај да се прошета има и што да се види!

Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7763 на: 02 Март 2023, 11:44:45 am »
Ме тера госпожа за таму летово.Имаш некоја препорака за добар хотел? Гледам некои со автобуси ги носат на плажа оти преку автопат се. Не ми се прави ќеф за такви егзибиции а башка гледам некои плажи се тиња, мора на палуба да одиш да стигнеш до убав дел од морето.

Првата година бев во Meraki Resort, овој е 18+ и нема деца.
4/5 - Храна и сместување
5/5 - Плажи и има неколку корални гребеи ако сакаш да нуркаш

Прошлата бев во Albatros Palace Resort, овој е некој германски и 90% од гостите им се германци. Ова е многу добар и скап хотел, се е скоро перфекција, само плажата мора преку палуба да се оди.

Доста наши идат таму и што сум разговарал препорака е да избегнеш ефтини понуди, да не фатиш некоја чума. Мене ми се погоди првата година температура мерак 32 степени, оваа вторава изгоревме 40++. Сонцето УВ 12, ако не си намачкан дупло, 2 минути и како на скара. Првата година бев на Мото возење ама тоа во сред пустиња како да те дува некој со фен на 80 степени е и еден тон прашина, неможеш да се испереш.

Една многу добра работа е што нуркање е многу ефтино, 40е - 50е со трансфер од хотел, ручек на брод и 2 спуштања по 10-15 минути.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7764 на: 02 Март 2023, 12:19:55 pm »
Да му веруваш на дедо...

Ти бар деца немаш, шо к таму ќе бараш? Ставрос е за дечиња погоден...

На @bear му предлагав за Ставрос хахах

Јас се токмам за Крит.
2200+km не ми бегаат, вчера рачунав отприлика...
Со кола планираш? Мислам дека така ти е најпаметно. Крит е апсолутно масивен и има премногу да се види, јас кога бев пред пар години се изнадавав пари за автобуси и таксиња и пак мислам дека ни 30% од тоа што сакав да видам не постигнав да видам. А има преубави места, јас тогаш бев во близина на Ханија, вечерите ги поминував во близина на Паљохора (голем избор на ресторани, кафичи, убав центар за прошетка) а и цуриците беа некако најспремни таму.

Highlight на одморот ми беше на Ретимно, изненадувачко добро место со неверојатна плажа. Уште по изненадувачки беше фактот дека плажата беше nudist-friendly, јас пресреќен после првите пар цициња што ги видов, али кратко траеше среќата кога сконтав дека размерот на цициња со 70 годишни китови беше 20/80.  ;D ;D

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7765 на: 02 Март 2023, 12:32:35 pm »
Ништо од врахос. Јас се полетав по песочна плажа и дека водата била добра, очигледно е дека ептен сум утнал.
А општо сите плажи на Јонско се во брановити дел?

Барам, песочна плажа, мирна вода, и да нема урлање. Гледав од Зеро некои слики, кај што кампува, ми делува добра локацијата.

Па добра е, Леонид ти раскажа како не го погодил сместувањето и фекалиите можеби ги носи водата на јужниот дел, најверојатно заради струите.
3-4 пати имам одено на северниот дел и чиста е водата, а песокта брашно. Чести се брановите од 0.5-1м ама пошто е плитко дури е интересно, ама дека е на отворено мора да има,
оди Лефкада да видиш што се бранови, од метар нагоре...

Ама ако сакаш скрос мирно море и убава песок, на втор крак имаш повеќе, макар и ветровит да е денот, нема бранови на некои плажи, како Лагониси што ја спомна баланар.
Секој човек различно го дефинира одморот. Исто многу битно е дали сакаш преку улица плажа или да возиш секој ден.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7766 на: 02 Март 2023, 12:44:54 pm »
Бил некој на врахос?
Каква е вода/плажа и околина?

Бевме пред неколку години, со мало дете 2-3 години тогаш. Патот до таму (заради далечина, одевме преку Охрид со преспивање), супер за возење, освен многу тунели...
Бевме на 1ви септември, за да избегниме гужви и јако сонце. Сместени во хотел, плажа преку улица, таверни околу нас, идеално со мало дете. Плажата топ, еден од најчистите песоци што ги имам видено, без прашина (само пикавци, нормално), исто и водата, чиста, бистра...
Проблем се брановите кога ги има, не се за со мало дете влегување во вода тогаш. А не се ни за возрасни, позитивно, струјата влече од длабоко кон плитко, се случи кога имаше бранови, да неможам да поминам делот со плитко-длабоко-плитко колку и да пливав, ме влечеше струјата кон брегот.
За ексурзии, тука е Парга, топ место за шетање (бевме еден облачен ден). Има и на островите, Пахос и Антипахос... зависи како го користиш одморот.
Со мало дете, одмор ми е 7-10 дена на едно место, прв ред, плажа, јадење, спиење...
Без дете кога бев, одмор беше 7-10 дена, никогаш на иста плажа по втор пат, секој ден ексурзии :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7767 на: 02 Март 2023, 13:55:38 pm »
Јас ќе си возам годинава подолга рута, а и навикнат сум.
Се враќам на старо место на одмор, во Далмација, после 4 год. експериментирање со Грција.
Не сум решил за сместување ама се мислам меѓу Брела и Сумпетар.
Дур не тргнале во школо децава ќе терам крај на август, почеток на септември. Лани си го начукав ептен крај на јуни што отидовме...

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7768 на: 02 Март 2023, 13:58:35 pm »
Јас ќе си возам годинава подолга рута, а и навикнат сум.
Се враќам на старо место на одмор, во Далмација, после 4 год. експериментирање со Грција.
Не сум решил за сместување ама се мислам меѓу Брела и Сумпетар.
Дур не тргнале во школо децава ќе терам крај на август, почеток на септември. Лани си го начукав ептен крај на јуни што отидовме...

Не "заладува" водата тоа време? Ама сол, 3-пати повеќе од Грекос.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7769 на: 02 Март 2023, 13:58:37 pm »
Со кола планираш? Мислам дека така ти е најпаметно. Крит е апсолутно масивен и има премногу да се види, јас кога бев пред пар години се изнадавав пари за автобуси и таксиња и пак мислам дека ни 30% од тоа што сакав да видам не постигнав да видам. А има преубави места, јас тогаш бев во близина на Ханија, вечерите ги поминував во близина на Паљохора (голем избор на ресторани, кафичи, убав центар за прошетка) а и цуриците беа некако најспремни таму.

Highlight на одморот ми беше на Ретимно, изненадувачко добро место со неверојатна плажа. Уште по изненадувачки беше фактот дека плажата беше nudist-friendly, јас пресреќен после првите пар цициња што ги видов, али кратко траеше среќата кога сконтав дека размерот на цициња со 70 годишни китови беше 20/80.  ;D ;D

Види тука  ;D

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,762.msg1264723.html#msg1264723