Бил некој на врахос?
Каква е вода/плажа и околина?
Бевме пред неколку години, со мало дете 2-3 години тогаш. Патот до таму (заради далечина, одевме преку Охрид со преспивање), супер за возење, освен многу тунели...
Бевме на 1ви септември, за да избегниме гужви и јако сонце. Сместени во хотел, плажа преку улица, таверни околу нас, идеално со мало дете. Плажата топ, еден од најчистите песоци што ги имам видено, без прашина (само пикавци, нормално), исто и водата, чиста, бистра...
Проблем се брановите кога ги има, не се за со мало дете влегување во вода тогаш. А не се ни за возрасни, позитивно, струјата влече од длабоко кон плитко, се случи кога имаше бранови, да неможам да поминам делот со плитко-длабоко-плитко колку и да пливав, ме влечеше струјата кон брегот.
За ексурзии, тука е Парга, топ место за шетање (бевме еден облачен ден). Има и на островите, Пахос и Антипахос... зависи како го користиш одморот.
Со мало дете, одмор ми е 7-10 дена на едно место, прв ред, плажа, јадење, спиење...
Без дете кога бев, одмор беше 7-10 дена, никогаш на иста плажа по втор пат, секој ден ексурзии
