Бил некој на врахос?
Каква е вода/плажа и околина?
Јас бев пред 2 години, и не ми се допадна. Сместувањето ужасно, односот катастрофа (лом се напраив, уште на влез те пцуе без потреба лудакот, стигам во 14 час и чекам 2 саати за соба, клима се доплаќа итн), лоцирани бевме на крајот, према Лефкада.
Плажата одлична, широка и долга, морето со бранови цело време, фекалии си пливаат повремено, секој ден, од одводите на објектите. Најблиското продавниче и ресторанче беа на 2 км од нас. Парга вреди да се отиде на прошетка, убаво гратче,медитерански стил,ама малечко и збиено,а особено плажата мала. Превеза е многу убаво гратче, со пристаниште, убав отмен народ..вреди да се прошета до таму.
Врахос, бев,видов,никад више