Од тоа што можам д видам и сетам, генерално тоа е тоа. Ние бевме исто со кола до Порто Вроми, од таму со бродче до Навагио. Кога се вративме, со колата бевме до панорамата каде се слика плажата, фактички 2 во 1.
Порто Лимонас е интересно место, од скали се симнуваш, бојата н водата е мн интересна, препорачувам попладне да се оди, има една пештера во близина но водата веднаш е студена. Од таму можете да продолжите накај панорамата за сликање зајдисонце.
Тоа што гледам дека го немаш е плажата Дафне, малку е зезнат патот, бар беше макадан на времето, меѓутоа беше мирно, тивко, островчето од спроти има форма на желка. Види си слики, ако ти се допаѓа, можеш да поминеш.
Лаганас не вреди да губиш време во градчето, освен некоја тура со брод. Се надевам не сте сместени тука, ние бевме на времето во Аргаси во вила Марија што беше преку Игуана.
Инаку тоа е тоа со изборот, тие се најкомерцијалните, за нешто плус си бара рентање брод.
Убаво да си поминете!!!
Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.
Ти благодарам за инфо!
Ја гледав Дафни, останува некој ден без план, па може да се помине. Не ја бев запишал дека има премногу означени гнезда од желки, па сите лежалки се поназад меѓу дрвјата.
За Порто Вроми и Порто Лимнионас видов се, ама тешко дека ќе ги поминам (посебно за втората дека нема класичен влез со песок, ниту па каде да акнеш чадор).
Девојката ми е непливач и си има мака со трема од подлабоко/не влегување во вода каде не е постепено. Веќе четврт одмор ќе биде ова каде пробувам да ја опуштам, ама тешко иде. „Најголем“ breakthrough е тоа што успеав да ја научам да плута на грб. Не сум видел ваква трема/фобија, не влегува подлабоко од куковите нагоре.
Лаганас ми е пишано за една вечер излегување, да се доживее и грчкиот Лас Вегас, посебно па со пијаните Енглези. Лани на Крф не ни бев до Кавос, замрено беше (како што кажуваа италијанските средношколци под нас во вилата) заради короната.
Штета што првпат одам на Закинтос на 35 години и тоа со девојка
Друго време фатив јас, со смештај во Несебар за 10-20 лева, со Сончев Брег, Лазур, Бедрум...
Инаку овде сум сместен. Блиску до секаде и како за промена, со базенче во вилата (до сега не сум бил никаде со базен).
http://www.booking.com/Share-ufJhY9U