Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1334297 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7605 на: 02 Август 2022, 12:13:19 pm »
Некој што бил на Закинтос да ја надополни мапава со предлози?  ;D

https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1Q4ymcXzJ084_wiRbNJsTe8BCX4M_be4&usp=sharing

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7606 на: 02 Август 2022, 13:11:18 pm »
За сите што плаќаат резервации за сместување во Грција еве поефтина алтернатива од девизно плаќање во банка. За разлика од банките овдека нема провизија, ви треба IBAN бројот и името на сопственикот на сметката.

https://paysend.com/

Јас пред некој ден префрлав пари и ми потврдија дека стигнале.
Ова го користам веќе неколку години, проблемот е само што треба примачот да има MasterCard.

Sent from my SM-G998U1 using Tapatalk
Јас директно на трансакциска префрлав, немав Мастеркард.

Иначе ми го кажаа што резервирале ореку Никиана, јас не сум пробал преку нив, иако имаат добра понуда.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3881
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7607 на: 02 Август 2022, 13:13:13 pm »
Да си ми жив и здрав, баш во тие блеев до пред малку :)))
Има некоја листа топ тен, што ти ја знам... а не се прескапи, само сајтот им е лајно, па пишав на контакт инфо.

Ако има некој други предлози, комплетно добредојдени.
Мразам песок. Вадите човек во патња од длабока кал овде. :)
Се обидов во март да пазарам нешто во Арменици но не успеав да најдам соодветна комбинација и се откажав. Сега ќе одам во овој Кастело https://www.booking.com/hotel/gr/camping-castello.en-gb.html во барака со две спални и настршница пред врата. Не очекувам многу, само да има струја и комарници на прозорите. Се надевам нема да е тотално разочарување. Одам сега на 10ти Јуни па ќе склопам една пшовратна.


Заборавив да им пишам на тие што може да ги интересира, но за сезонава бунгаловите беа распродадени пред Јуни па тешко да може некој и да сака.

Камптот како камп од општа гледна точка е некоја си средна класа со големина која не е од раноготна кампови кои јас сум ги замислувал. Ај да почанм јас со ред работи кои ми се пљус а кои минус.

Во основа многу зависи во кампот на кое место си. Но мислам дека тие готовите бунгалови во првите 2 - 3 реда броејќи од влената страна имаат сосема добар сетап. Редовите не се паралелно со плажата туку повеќе се протегаат нормално.

Секој бунгалов има свое паркинг место, настрешница со маса и столици за излежавање и јадење, и доволно просотр да се расфрлаат играчките од плажа и да се пружат надвор алиштата. На самата настрешница има два вентилатори, еден со светло и со умерено дување и еден „тајфун“ кој супер ги бркаше мувите дур ручавме.
Просторот околу бунгаловот ограден со убава дрвена или жива ограда, а на земја вештачка пластична терва по кој може бос да се оди комотно.

Внатре бунгаловот има две спални соби во кои комотно може да спијат четворица и една голема простороија помеѓу каде е кујната за готвење и маса на која може да се седне за јадње како во приколица (и се претвара седиштето на ќош во кревет (петорица големи може да се напасираат а ако си малце кнап може и 6 оти во едната спална над два раздвоени кревети имаше спратен кревет на расклопување). Има и засебно ве-це со туш кабина.
Од опрема во кујна  фино оперемен со целосен плински шпорте (не насадено решо), без рерна. Мал фрижидер, клима и тв (никој не го упали не знам што програми имаше).
На кратко од аспект на сместување и  тоа каде се наоѓавме беше иделана комбинација за 5 члено семејство.
Е сега постојат редови кои се во близина на канал со устоена вода од собирни канали за менаџирање на поројната вода кој граничи со кампот за кои верувам дека има сериозни проблеми со комарци а може и миризба, но ове во прв ред не се приметуваше тоа.

Од битни работи за во камп:
- Продавница со стандардни работи кои ти требаат за да си обезбедиш и д ане трчаш надвор од камп за ситници со ок цени,
- Шанк на плажа со лежалки за изнајмување, кои не ги пробав пошто ни седев долго на плажа ниту пак имавме потреба да избегнуваме стандардно плажарење со прекривки, чадор и некое мало „шаторче“.
- Ресторан со солидна храна но и солидни цени.
- Две игралишта за баскет/фудбал и одобојка без плаќање
- Едно игралиште за тенис со маса за пинг понг се изнајмуваше за 5еур/час (во Скопје е поскапо).

Обезбедувањето си бркаше работа добро и сите обиди за галами после 12:00 брзо ги решаваа.

Најлошиот момент е близната на патот кој поминува над задниот дел од кампот и навечер може се слушаат возиалат кои поминуваат и имаат тркачки амбиции. Ние бидејќи бевме надвор од пик сезона немаше многу сообраќај, а додека спиевме не го приметував тоа. 

Мислам дека не  е најатрактивниот камп кој би го одбрал , но мислам дека заслужува следната година да фатиме една недела ран одмор вака па потоа да размислувам за главен. Иако и за главен не му фали многу.

За закжување треба да се пази Февруари/Март е последна опција ако сакаш да одиш во Јуни а мислам дека во Мај веќе целе сезона им е распордадена.
Фала на описот. Тури и некоја слика.
Слабо сликам слики по одмори, а ако има некоја слика тогаш се со деца, жена, швалерка и останат фолклор од личен карактер. Тие не ги споделувам.
Еве некои две слики колку да не е на суво објаснувањето.
https://imgur.com/a/q2VTeRE

Sent from my DN2103 using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7608 на: 02 Август 2022, 14:17:45 pm »
Супер изгледа ова, колку е од вечер?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3881
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7609 на: 02 Август 2022, 14:30:23 pm »
70 евра од ноќевање.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7610 на: 02 Август 2022, 14:56:13 pm »
Цената е топ, само тоа со каналот малце зеза. Се влива таа вода во морето или затворен е од таа страна?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3881
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7611 на: 02 Август 2022, 15:03:57 pm »
Само ако врне дожд. Но и тоа е малце подалеку од таму каде што се бањаш редовно. Проблем е ако имаш сместување блиску до таа страна, инаку не го приметуваш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7612 на: 02 Август 2022, 15:12:13 pm »
Некој што бил на Закинтос да ја надополни мапава со предлози?  ;D

https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1Q4ymcXzJ084_wiRbNJsTe8BCX4M_be4&usp=sharing


Јас бев прилично одамна....

Од тоа што можам д видам и сетам, генерално тоа е тоа. Ние бевме исто со кола до Порто Вроми, од таму со бродче до Навагио. Кога се вративме, со колата бевме до панорамата каде се слика плажата, фактички 2 во 1.
Порто Лимонас е интересно место, од скали се симнуваш, бојата н водата е мн интересна, препорачувам попладне да се оди, има една пештера во близина но водата веднаш е студена. Од таму можете да продолжите накај панорамата за сликање зајдисонце.
Тоа што гледам дека го немаш е плажата Дафне, малку е зезнат патот, бар беше макадан на времето, меѓутоа беше мирно, тивко, островчето од спроти има форма на желка. Види си слики, ако ти се допаѓа, можеш да поминеш.
Лаганас не вреди да губиш време во градчето, освен некоја тура со брод. Се надевам не сте сместени тука, ние бевме на времето во Аргаси во вила Марија што беше преку Игуана.
Инаку тоа е тоа со изборот, тие се најкомерцијалните, за нешто плус си бара рентање брод.
Убаво да си поминете!!!
Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7613 на: 02 Август 2022, 16:00:07 pm »
Само ако врне дожд. Но и тоа е малце подалеку од таму каде што се бањаш редовно. Проблем е ако имаш сместување блиску до таа страна, инаку не го приметуваш.
@bramovsk има опција да се бира во кои бунгалови ќе си сместен или како ти се падне така?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7614 на: 02 Август 2022, 16:41:15 pm »
Од тоа што можам д видам и сетам, генерално тоа е тоа. Ние бевме исто со кола до Порто Вроми, од таму со бродче до Навагио. Кога се вративме, со колата бевме до панорамата каде се слика плажата, фактички 2 во 1.
Порто Лимонас е интересно место, од скали се симнуваш, бојата н водата е мн интересна, препорачувам попладне да се оди, има една пештера во близина но водата веднаш е студена. Од таму можете да продолжите накај панорамата за сликање зајдисонце.
Тоа што гледам дека го немаш е плажата Дафне, малку е зезнат патот, бар беше макадан на времето, меѓутоа беше мирно, тивко, островчето од спроти има форма на желка. Види си слики, ако ти се допаѓа, можеш да поминеш.
Лаганас не вреди да губиш време во градчето, освен некоја тура со брод. Се надевам не сте сместени тука, ние бевме на времето во Аргаси во вила Марија што беше преку Игуана.
Инаку тоа е тоа со изборот, тие се најкомерцијалните, за нешто плус си бара рентање брод.
Убаво да си поминете!!!
Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.

Ти благодарам за инфо!
Ја гледав Дафни, останува некој ден без план, па може да се помине. Не ја бев запишал дека има премногу означени гнезда од желки, па сите лежалки се поназад меѓу дрвјата.

За Порто Вроми и Порто Лимнионас видов се, ама тешко дека ќе ги поминам (посебно за втората дека нема класичен влез со песок, ниту па каде да акнеш чадор).
Девојката ми е непливач и си има мака со трема од подлабоко/не влегување во вода каде не е постепено. Веќе четврт одмор ќе биде ова каде пробувам да ја опуштам, ама тешко иде. „Најголем“ breakthrough е тоа што успеав да ја научам да плута на грб. Не сум видел ваква трема/фобија, не влегува подлабоко од куковите нагоре.

Лаганас ми е пишано за една вечер излегување, да се доживее и грчкиот Лас Вегас, посебно па со пијаните Енглези. Лани на Крф не ни бев до Кавос, замрено беше (како што кажуваа италијанските средношколци под нас во вилата) заради короната.
Штета што првпат одам на Закинтос на 35 години и тоа со девојка  ;D Друго време фатив јас, со смештај во Несебар за 10-20 лева, со Сончев Брег, Лазур, Бедрум...  :-X

Инаку овде сум сместен. Блиску до секаде и како за промена, со базенче во вилата (до сега не сум бил никаде со базен).

http://www.booking.com/Share-ufJhY9U
« Последно менување: 02 Август 2022, 16:48:14 pm balanar »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3881
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7615 на: 02 Август 2022, 16:56:52 pm »
Само ако врне дожд. Но и тоа е малце подалеку од таму каде што се бањаш редовно. Проблем е ако имаш сместување блиску до таа страна, инаку не го приметуваш.
@bramovsk има опција да се бира во кои бунгалови ќе си сместен или како ти се падне така?

Ќе прашаш точно за кој бунгалов е понудата. Јас прашав за тој првиот што им се гледа на сајтот и тој го земав. Ама како што реков, бирав во Март за одмор во Јуни.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7616 на: 02 Август 2022, 21:49:52 pm »
Од тоа што можам д видам и сетам, генерално тоа е тоа. Ние бевме исто со кола до Порто Вроми, од таму со бродче до Навагио. Кога се вративме, со колата бевме до панорамата каде се слика плажата, фактички 2 во 1.
Порто Лимонас е интересно место, од скали се симнуваш, бојата н водата е мн интересна, препорачувам попладне да се оди, има една пештера во близина но водата веднаш е студена. Од таму можете да продолжите накај панорамата за сликање зајдисонце.
Тоа што гледам дека го немаш е плажата Дафне, малку е зезнат патот, бар беше макадан на времето, меѓутоа беше мирно, тивко, островчето од спроти има форма на желка. Види си слики, ако ти се допаѓа, можеш да поминеш.
Лаганас не вреди да губиш време во градчето, освен некоја тура со брод. Се надевам не сте сместени тука, ние бевме на времето во Аргаси во вила Марија што беше преку Игуана.
Инаку тоа е тоа со изборот, тие се најкомерцијалните, за нешто плус си бара рентање брод.
Убаво да си поминете!!!
Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.

Ти благодарам за инфо!
Ја гледав Дафни, останува некој ден без план, па може да се помине. Не ја бев запишал дека има премногу означени гнезда од желки, па сите лежалки се поназад меѓу дрвјата.

За Порто Вроми и Порто Лимнионас видов се, ама тешко дека ќе ги поминам (посебно за втората дека нема класичен влез со песок, ниту па каде да акнеш чадор).
Девојката ми е непливач и си има мака со трема од подлабоко/не влегување во вода каде не е постепено. Веќе четврт одмор ќе биде ова каде пробувам да ја опуштам, ама тешко иде. „Најголем“ breakthrough е тоа што успеав да ја научам да плута на грб. Не сум видел ваква трема/фобија, не влегува подлабоко од куковите нагоре.

Лаганас ми е пишано за една вечер излегување, да се доживее и грчкиот Лас Вегас, посебно па со пијаните Енглези. Лани на Крф не ни бев до Кавос, замрено беше (како што кажуваа италијанските средношколци под нас во вилата) заради короната.
Штета што првпат одам на Закинтос на 35 години и тоа со девојка  ;D Друго време фатив јас, со смештај во Несебар за 10-20 лева, со Сончев Брег, Лазур, Бедрум...  :-X

Инаку овде сум сместен. Блиску до секаде и како за промена, со базенче во вилата (до сега не сум бил никаде со базен).

http://www.booking.com/Share-ufJhY9U

Ма и средношколец да си, тоа ниво на забава ми е несфатливо како во Лаганас и Кавос.
Тоа што девојка ти не плива е game change. Во тој случај баталете Порто Лимонас, таму дирекно влагаш од скали во длабоко.
Не му се оптеретувајте толку, супер ќе си пројдете, некогаш и работите самите ќе си се наместат.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6453
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7617 на: 03 Август 2022, 07:43:18 am »
Девојка ти ако е од Скопје или и таа патува нека се запиши на пливање, за месец/два учење за цел живот ќе ги промени одморите.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7618 на: 03 Август 2022, 08:17:40 am »
Девојка ти ако е од Скопје или и таа патува нека се запиши на пливање, за месец/два учење за цел живот ќе ги промени одморите.

Во Штип се гради затворен базен... може ќе го направат до 2032.

https://kanal5.com.mk/pochna-izgradbata-na-zatvoreniot-bazen-vo-shtip/a409262
14 февруари 2020

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7619 на: 03 Август 2022, 11:43:18 am »
Се додека е затворен, нема да го отворат :D