@bear Плажа/вода:За потопла и посолена вода не знам, да ти е мерак да си по цели денови во вода. Градот Катанија има огромна песочна плажа која е одма до аеродромот, и на моменти ќе ти се здосади бидејќи треба едно 30 метра да поминеш за водата да ти биде до колкови
Плажата е поделена на
јавна (и бесплатна), каде што можеш да си отидеш со свои крпи и чадори за сонце или
приватна каде што си плаќаш за лежалки (28 еу за чадор, две лежалки и една пијачка)
Ако си фан на нуркање и истражување на школки, јужно од Катанија, во гратчето Сиракуза имаш кристално чисти камени плажи за кои е препорачливо да се има обувки со исто толку топла вода.
Ресторани/кафичи:
Храната е едноставно... највкусна, немам коментар.
Со причина се вели дека сицилијанската храна е најдобра.
Што најмногу ме изненади се прифатливите цени.
(Треба да се земе предвид дека е сред сезона, дека е држава во ЕУ, дека се повисоки стандарди итн)
- Еспресо 1€
- Макијато и Американо 1.5€
- Canollo con ricotta (типично сицилијанско благо полнето со рикота сирење) - 2€
-
Arancino (типично сицилијанско солено полнето со разни филови) 2-2.5€
- Стандардна пица од 5.5 - 6€ (маргарита)
- Сендвичи исто 5-6 € (panini)
- Паста порција од 7-8 €
- Бургери по 7-8€
- Па нагоре месните порции околу 11-12€
- Пиво - 3€
- Аперол - 6-7€
- Коктел - 8€
Бонус: Многу малку ресторани/кафичи имаат интернет.
Јавен транспорт и сообраќај- Возат многу брзо и многу лошо, не се знае првенство на минување во кружен тек или недајбоже на пешачки премин. Кај што постои физички простор за паркирање, ќе се паркират, па дури и во кружен тек.
- Барем секое второ возило е удрено, изгребано, вдлабнато, недостига фар (или два) или по некој браник.
- Ако ти се брза и сакаш да стигнеш на време, заборави јавен транспорт (со автобус). Ништо не е точно иако возачите шибаат 60-70км/ч цело време по булевари. Се додека не дозборат и додека не го допијат кафето на автобуски терминал нема тргање. Цена на карта: 1€ за 90минути, 2.5€ за дневен билет
- Има една метро линија која е доста корисна, но машините за билети не работат најголемиот дел од времето па често се шверцавме. Цена на карта: 1€ за 90минути, 2€ за дневен билет
- Рент-а-кар: заборави. За 7 дена Fiat 500/Panda е околу 800€. За мотор е 30€/ден, но мораш 300-400€ safety deposit да оставиш.
Екстрас:
- Времето е запурно. Независно дали е пладне или полноќ, постојано е 31-32 степени, влажноста на воздухот е прилично висока и ако нема некое ветре, ќе се свариш.
- Во Катанија е
многу нечисто. Немаат се уште слушнато за контењер, па секоја зграда/бутик/продавник/ресторан ги остава вреќите на улица. Па комбинацијата на остатоци од храна и урина дава убава атмосфера навечер
- Магнети од 2€/нагоре нагоре. Јас си купив Бураго Алфа SW 159ка за 5€ како успомен
Италијанки:
- Само ако знаеш италијански, тоа им е лекот
Не се стегав воопшто во текот на одморот и поминав 7 дена со по 40€/ден.