Еве кога тргна натака муабетот, и мое искуство.
Лани бевме во Торони, со друштво со деца исто, плус баби и дедовци и истеравме прилично релакс одмор.
Оваа година исто друштво плус уште 1 фамилија и уште една која доаѓаше преку ден, сите со деца. Јас порелакс одмор до сега од кога сме со деца не сум имал. 8 возрасни, 8 деца, од кои 4 на возраст 6-7 години, 2 деца по 4 и 2 деца по 2,5 години. Играње децава по цел ден на плажа без да те замараат, за у вода сите групно и по 1 или 2ца возрасни со нив, другите под сенка уживање уз пивце.
Уште од сега се радувам на плановите и за следна година еден одмор да истераме пак заедно, пошто децава ептен си се погодени и си играат без да се скараат.
Уз пат да го препорачам Торони за мирно, фамилијарно место со голема плажа, песочна со многу ситни камчиња, па не се дига прашина ако дува ветер. Водата е многу чиста, и прилично брзо иде длабоко, но првите 2-3 метри се таман за деца и до 3-4 години да можат да стојат и да не е преку нив.