Фала за препораките Balanar i FilipMK, видов неколку ривјуа на јутјуб за калитеа и флогита, ми личеа рај за очите, мирни места поготово калитеа имаше и бујна вегетација со палми, зеленило....агиа триада така и така...
ќе се одлучам за овие двете дестинации кое од нив или може и двете ќе ги посетам. Не сум од тие ципидлачи, барам мирна плажа со помалку пијандури околу мене и тишина, маркетчиња за децава да им купам тоа што јадат..., не сум по ноќен живот, Имам една лоша навика никогаш не букирам вила или хотел. Одам директо, разгледувам првин менталитет на газдата и какво е гостопримството па пасле што има на понуда и на крај кеширање пари. Секогаш така сум функционирал. Ако нешто ми оди на нерви палам кола и се враќам...