На Закинтос бев пред 15-тина години, беше океј. Многу енглези. Убав остров, убава вода, убави плажи. Имам трауми од враќањето со автобус. Тоа беше моментот кога си ветив сам на себе дека никогаш веќе нема да одам некаде со автобус.
Јас би циљал Крит. Ѕирни авионски карти од Солун, би требало да се прилично евтини (кога бев на Cayenne возењето на Крит, повратна карта беше 120 Евра) и летот трае помалку од еден саат, наместо да возиш до таму и да губиш време. Таму рентај кола 10 дена.
Гледав отприлика како се летовите со RyanAir од Софија до Ханија годинава, конкретно сега има лет за 2 дена и се враќа за 9 дена.
Излегува некаде околу 200 евра за двајца, од кои за едниот торба од 20kg.
Тука удри му 9 дена по 30 евра (минимум) за рентање кола - 270.
За гориво по островот стави рачуница за 1000km - цирка 70-80 евра.
А и треба некако да се пренесеш до Солун/Софија, она што го спомна
@AllMightyMe погоре.
Врти-сучи, пак излегуваат истите пари, само со многу помалку малтретирање и мислење за колата што-како.
Од друга страна, во колата имаш слобода да ставиш што сакаш, од рачно фрижидерче до чадор за по дивите плажи. A и јас сум авантурист, би уживал на траективе. До сега не сум патувал со таа големина на траект. На враќање спиење ден-два во Атина би било идеално.