На одмор одам да уживам во слободното време, локалната храна и пијалок, амбиентот што го нуди самото место и народот. Тука треба да се есапи и возраста на детето, за тие со деца.
Во Грција, цените се прифатливи и се што наведов е исклучително добро, плус близу ми е.
Турција исто така, но малку е подалечна дестинација и стана поскапа од пред 10-15год. Сега незнам.
Хрватска, скапа е, далеку е, просечна храна, но е убаво да се посети, нуди знаменитости и амбиент.
Црна гора слично како во CRO , нешто поблизу и нешто поевтино.
Бугарија пак беше живо џабе на времето, меѓутоа толкав пат да поминам и да се чувствувам како да не сум излегол од МК... Препорачувам за "безделничење" и прво соочување со поразлични култури од нашата.
Албанија навистина незнам. Еднаш во годината одмор и не ми се експериментира.
За подалечни дестинации, да не ги набројувам, ем времињата се сменија, ем треба да се има поздраво портфолио или резерва средства. А не само затвори се во хотелот и фали се каде си бил.
ПС
Проблемот во нашата држава е што ретко можеме да се разбереме, иако збориме ист јазик.