Во Германија има таканаречени ЕЦ картички или Електронски Кеш картички. Тоа не се дебитни картички. Иако имаат карактеристики како дебитни картички. Полека ги исфрлаат од употреба и ги заменуваат со стандардни дебитни картички. (Тој стандард и картички потекнува од едно друго време)
Нивното користење во Германија е исто како да плаќаш во готово. Трансакциите се директно врзани за сметка во банка. Овој стандард/начин на плаќање го има во Германија.
Многу од овие ЕЦ картички го поддржуваат и начинот на работење со дебитна картичка. НО, за секоја трансакција надвор од банкарскиот систем во Германија се наплаќа провизија за користење + ако треба да менува курс си наплаќа и за таа трансакција.
Дебитните картички издадени од германски банки исто имаат различни услови за користење и цена на трансакции за внатрешен германски пазар, ЕУ, и надвор од ЕУ. Многу од нив ги имаат условите и опциите како кредитни картички. Исто се поврзани со банкарската сметка на корисникот.
Кредитни картички има многу типови ама се делат на две идеологии. Сите од нив имаат различни членарини и цени по трансакција за плаќње/подигање пари од банкомат/користење на географска територија
Едната е: Префрлаш пари на виза/мастер/АмЕкс/..... и ги имаш за користење за најразлични трансакции по Германија, Европа, светот, и пошироко.
Другата е: Одбираш класична кредитна картичка од виза/мастер/АмЕкс/... Ги користиш за најразлични трансации по Германија, Европа, светот и пошироко. На крајот на месецот ти пристига сметка која треба да си ја платиш.
Пак ќе кажам, ако извадиш ЕЦ картичка во Германија и со неа плаќаш надвор од Германија, треба да ти е јасно дека со неа можеш да плаќаш, ама не е баш најповолно затоа што не е дизајнирана и наменета за таков начин на користење.