Не е само Лефкада, но тоа беше еден пример кој е многу убаво дескриптивен за состојбата дека едно прекрасно место може да се расипе многу лесно.
Може да спомнам други места апсолутно, но зошто би го направил тоа? Ете дадов пример. Ете ќе дадам пример уште еден кој е во прогрес. Скијатос. За некоја година ќе биде преплавен. Сакаш уште? Да почнам да ги редам Ханиоти, Пефкохори, Врасна, Асправалта, Неапори итн?
Немам намера понатаму да дебатирам за ова, мислам дека бев и многу повеќе од јасен.
Во Пефкохори, Халкидики и Ханиоти успеав да видам максимум десетина коли со Македонски таблички...
Срби имаше на претек, тук таму по некоја кола од Албанија...
Единствено решение за недознавање на таквите места е бришењето на рецензии...
Листајки ги српскиве форуми за патувања, дознав и за Лефкада, и за Скијатос, Закинтос, Миконос, па помалку познатите Скириос, Сирос, Хиос, Сифнос, Тиос итн...
Агенцииве имаат најголема вина за евентуалното полнење на одредени места со нашинци...
Иначе покрај Скијатос, типувам и на Тасос да биде преплавен со Македонци наредното лето, ако веќе не е ...