Дефинитивно да, има места во Ксамил кај што е доста тешко да стигнеш, али верувајте, работат на случајот. И тоа интензивно.
А околу македонската стока на плажа, нема муабет, тоа е тоа. Ама како шо реков, обично ги запоседнуваат поблиските плажи, или плажите што се поактуелни (нели за да ја тераат шемата, да има што да кажат дома).
@Diesel: Саранда е далеку поголемо место, али има проклето многу гужва. Тешко е да се најде паркинг, многу е спарно навечер и не се дише. На шеталиштето пешки не можеш да се разминеш. Плажите се далеку полоши од Ксамил. И го има оној малце лош мирис, многу влага... Е сега, има доста поактивен ноќен живот и места за забава. Ова ти го кажувам од искуство, бев на 2-3 пати додека бев во Ксамил.
Поминав низ Валона (за да стигнам до Ксамил, нели) и некако не ми остави голем впечаток. Бев само на поминување, така да не знам, не би бил компетентен да коментирам.
Мислам дека можеш да го прашаш Roci, он има идено на повеќе места низ Албанија...