Бев во Ксамил. Реално, не треба никој да очекува било каква туристичка атракција или МОНДЕНСКО место.
Во самото место има реони кај што се гради, има и веќе изградени. Смештајот е СУПЕР (бар мојот таков се погоди), цените се исти како кај нас (плус-минус некој денар зависи од производ). Имаше некој спомато нешто за горивото... Горивото е иста цена како кај нас, зависи од пумпа до пумпа, е поскапо или поевтино за околу 5-10 центи.
Народот е посебно фин и културен. Луѓето се исклучително услужливи. Во секој локал, продавница или што и да е има барем по некој што добро разбира англиски, така да нема шанси да не се разбереш.
Никаде не видов ниту депонија, нити огромна прљавштина. Морето е кристално чисто и нема никаква смрдеа (бар на плажата кај што одев јас). Во моите 11 дена таму, струја снема само еднаш, и тоа беа не цели 15 минути. Вода си имаше нон-стоп, без прекин.
Е сега, немаш не знам места за искачање (има 2 дискотеки, 10тина кафанчиња, 10тина кафулиња и тоа е тоа), али ако барате одмор, баш онака одмор, тогаш на секого би го препорачал. Саранда е на околу 15км, и е далеку подобар избор ако барате поактивен ноќен живот.
Македонци има, и тоа ги има многу, ама исклучиво на "попознатите" плажи, или на тие што се поблиску до центарот на Ксамил (зошто ретко кој од нашите е спремен да вози 1 - 1.5КМ до некоја од поубавите плажи).
Патот до таму (најголемата дилема нели)... Јас бев преку Ќафасан - Валона - Саранда - Ксамил. Патот е просечен, како да возиш од стража накај Охрид. Има само неколку делници (не повеќе од 100км) чист автопат. Делот од Валона до Саранда (последните 150км), се најмачни за возење и се возат околу 3 саата. Се вози исклучиво по планина...Секоја дупка или било кој друг критичен дел од самиот пат е обележан соодветно (знак, конус ово-оно). Генерално лош пат (у контекст дупки, нерамнини) од цели 520 - 530км нека има 20км.
Како за крај...
Факт е дека ниту едно место во Албанија, не може да се спореди со било кое МОНДЕНСКО место од соседството. Али збориме МОНДЕНСКО. А инаку, е исто како било кое друго понормално место. Пак, многу е битно да се напомене дека не секој од нас има ист вкус и критериум за одмор и место за одмор. Некој сака одмор, некој сака забава, некој сака луксуз, некој сака нешто сосема различно.