Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 322293 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1935 на: 14 Август 2025, 13:41:54 pm »
Никој нема да ви се јави да ви каже ви истекува договорот па да склучиме одново.
Причините се поради тоа што прво има огромен број на приватни но и бизнис корисници.
Второ вработените во сите оператери (телеком, А1, телекабел и сите останати) се вработени што работат по шаблон.
Они денес доаѓаат на работа и буквално гледа смената да му помине, работи по принцип на Стики забелешки, напишани 10тина работи што ако праша муштеријата да му одговорат.
Ако поставеното прашање го нема во Стики забелешките, тогаш бара помош од некој поискусен како што кажа Ипкис погоре и на тој ќе му дојди преку курот пошто треба на сите да им ја оправа работата, а не зема нешто повеќе плата во однос на овие дремачиве што работат по Стики забелешки и на крај кога ќе се зафркне работата, крив е овој што ја брка работата за сите и пробува да ги оправи овие што не уклучуваат малку мозок за логика, а камоли да научат нешто на работа.

Ете затоа нема да ви се јават и нема да се јават.
Затоа кога ќе ви истекуваат договорите, ќе си отворите веб страна на сите оператер и ќе видите што се нудат, даваат опции и сам да си составиш пакет, брзина на интернет за дома, мобилни тарифи, телевизија.

Јас така функционирам, отворам гледам што нудат какви брзини и тарифи, склопувам и гледам дали ми одговара или останувам на старата тарифа и тоа е тоа.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1936 на: 14 Август 2025, 13:51:17 pm »
А зошто потпишувате договори. Ако истече претходниот договор, а ти одговараат тарифите не им потпишуеш. И така телефоните што ги нудат се барем 40% поскапи одошто стандардната цена.
Секое ново потпишување на договор е нова секако повисока цена. А ќе ти дадат некое непотребно џирло демек од 20 на 40 ГБ

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1937 на: 14 Август 2025, 13:53:24 pm »
Еве едно прашање до тебе, Филе: зар ти мислиш дека здравоумен човек оди да работи таква работа, ретардирна, во кол-центар за оператори? Зар човечкиот живот е сведен на ретардирање и самоуништување за некои 25–26 илјади денари што ќе ги земе за 25 дена? Од каде неговата работа, знаење, постоење и живот вредат 1000 денари на ден?

Во ред, да прифатиме дека нема друг излез. Но зар очекуваш од таков човек продуктивност, не само од таа сфера, туку генерално? Памтен и вреден селанец што знае 50 занати ќе заврши повеќе и покорисна работа за општеството од тие „нехљебари“ што го сведоа општеството на маргини и на дното.

Јас им вртам во А1 имам проблем со мобилен интерент  таа врска нема со живот, и ја прашувам: „Зошто тоа го работиш?“ Одговори – по кој основ ја работиш таа работа кога ништо не ми вршиш и не ми решаваш проблем? Ќе биде проследено до службата, да ве ставам на к*рац сите ретардирани. Зошто дозволуваат луѓето т.е немој да  дозволите да бидете доведени до ретардирање, без оглед колкава е платата.Човек  живее, постои благослов, и направи нешто од својот живот.ТНивните газди на тие оператори ги заболе за работниците што поретардирани и неуки работници толку посилни фирми и гаазди.Абе само ебење за тие оператроки друго ништо

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1938 на: 14 Август 2025, 13:55:11 pm »
Шо знам јас немам некоја замерка од А1. Интернетот е океј дома, се дешава еднаш на кузнај колку време да снема ако се деси некој глобален проблем, телевизијата е телевизија, како и секаде. Телефонијата ми е топ. Со 800 денари ми е све неогрничено и повеќе од доволно гигабајти гратис имам секој месец за било кај да имам интернет ако излезам од државата, другите оператори шупак даваат колку шо знам. Плус го зголемија сефот од 100 на 150гб.
За цената шо ја плаќам месечно или јас имам многу ниски очекувања или многу луѓе леб преку погача бараат. 
Договор немам потпишано незнам колку години ниту планирам дури се можи, зш не гледам шо би добил повеќе од ова, а ниту ми е потребно.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1939 на: 14 Август 2025, 14:10:56 pm »
Конкретно мене не ми се високи очекувањата, очекувањата ми се да го добијам она кое ми го ветиле и за кое сум се согласил да потпишам договор (ете јас сум потпишал договор).

Неодамна во темата пишував за случката кај мене со миграцијата на опремата на друга адреса и потврдувањето од оператор во салон дека на таа адреса има оптика и според мојот договор брзината ќе е 100/100 (до тогаш користев кабелски 100/10).

На крајот излезе дека немаат своја оптика, користат на Телеком и според нивните договори со операторот, јас иам оптика 50/50. Да ми беше кажано тоа во салонот на 3 пати препрашување, немаше да одам на оптика, ќе си останев на 100/10.

Секако можам да ја сменам пак опремата, ама замарањето, излегувањето од работа мене нема никој да ми го плати (секако тие си наплатија 2000 за услугата миграција, тоа не изоставија да ми го кажат).

Од тука произлегуваат незадоволствата, од дупење на здрав памет.

П.С. Совет за кога раскинувате договор и кога враќате опрема, задолжително да ви дадат документ дека опремата е вратена. Имаше ситуација кога раскинувавме договор на друго име, добра околност беше што ете ми текна да побарам писмена потврда дека сме вратиле опрема, затоа што во последната сметка после раскинувањето на договоротимаа ставка 1800 или 1900 денари за опрема... па успеав да средам со потврдата, да не ми ја наплатат опремата што ја вратив.

Објаснувањето беше:
- Се случува, системот направил грешка.
« Последно менување: 14 Август 2025, 14:20:42 pm Ipkisija Meskosa »

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1940 на: 14 Август 2025, 14:41:59 pm »
А зошто потпишувате договори. Ако истече претходниот договор, а ти одговараат тарифите не им потпишуеш.

Вака правиме од пред короната кога истече договорот. Се до 2024-та лани, кога на мајтап реков на вработената, да ми состави нов договор, но да биде сличен или ист како стариов. Чупето ми состави се исто, за цена од 1450 денари. На мајтап, спасив 350 денари месечно, плус некои 6000 поени, што поима немам како се користат, ниту сум ги искористил. На 2 години договор, сум спасил 8400 денари.


 
Никој нема да ви се јави да ви каже ви истекува договорот па да склучиме одново.
Јас така функционирам, отворам гледам што нудат какви брзини и тарифи, склопувам и гледам дали ми одговара или останувам на старата тарифа и тоа е тоа.

Може нема да се јави дека истекува договор, ама на секои 3 месеца се јавуваа дека имаме истечен договор, и дали би сакале да состават нов. Секогаш кога ќе ме побараа им викав, Може. Ама ми составуваа понуда која е за 20 евра поскапа него сегашнава, што реално не ми одговара.

И како што пишавме со Ипкис. На веб си правам една понуда, во салон чупето ми вади нивен лист, и ми среди уште поевтино, отколку на веб. Се заблагодарив, потпишав и ајт.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1941 на: 14 Август 2025, 16:18:25 pm »
Ова е интересна состојба. Секогаш агентите се тука да ти кажат гледај на веб ова е цената, а јас за тебе сеа ке ти направам ваква цена. Обично и не помислуваш да споредиш со претходно и тука те сецнуе, ама гледаш у првата наредна сметка. Договорот потпишан си земал преплатено телефонче и те фатиле за јајца. Си им влегол во ропство кое трае 2 години и дури почнуваш и да се убедуваш сам со себе дека добра зделка си направил.

Во денешни услови и потреби мислам дека тарифата за мобилен не треба да е повеќе од 500 денари месечно. Исто толку може да биде и телевизијата ( сосе ДДВ ).
Другото е масакар. Плус агентски увалени џирла кои ти ги подметнале.


 

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1942 на: 14 Август 2025, 16:29:03 pm »
Во право си за мобилнава тарифа. Дури и глуп потег им е тоа што, имаш 6гб интернет, па следна тарифа 60гб.
Баш сега провери, А1 Словенија. Таму за 8евра имаш се неограничено, плус 18гб интернет во било која земја членка на ЕУ...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1943 на: 14 Август 2025, 17:19:30 pm »
Препорачувам исто користење на Акаунт Менаџери (читај теренски продавачи на услуги), најчесто од нив ќе најдете брошури со броеви во нови згради.

Кога живеев во претходниот стан, ми дадоа бројче од таков лик што работеше за Телеком, и ми склопи договор со 2 месеци бесплатна услуга, 15% попуст на тарифата, еден пакет бесплатни канали и два уреди за ТВ.

Е, лошото беше што сите попусти и бенефити излетаа од врата кога заврши договорот и преминав на неопределено, па плаќав 15% повисока сметка со пакет канали помалку.

Тогаш се изнервирав со Телеком, и отидов на А1 и ги натерав да ми го најдат членот во договорот што ги обврзува да не ми кратат гратиси и бенефити по истек на договор. Откако ми го покажаа и прочитаа, тогаш потпишав :)

Сеа и мене ми се ближи обнова, ќе видам што ќе правам.

И јас имам 200/200 оптика преку нив, која ради користење линија на Телеком е 100/100.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1944 на: 15 Август 2025, 01:12:18 am »
На крајот излезе дека немаат своја оптика, користат на Телеком и според нивните договори со операторот, јас иам оптика 50/50. Да ми беше кажано тоа во салонот на 3 пати препрашување, немаше да одам на оптика, ќе си останев на 100/10.

Оптика си е оптика, ни бакар, а ни доксис мрежа.

Затоа Телекабел и А1 на големо ја гасат доксис мрежата бидејки доксис мрежата прави проблеми, што во конектори, што во нодови што мора да се штелуваат по бандери два пати годишно, еднаш за лето, еднаш за зимо.

Да не правиме муабет дека еден проблематичен телевизор што ќе враќа сигнал наназад може на цела линија да прави пречки и сите да имате проблеми.

Така да не жали што си мигриран на оптика, благодет е оптиката.

За АДСЛ мрежата на телеком да не правиме муабет, тоа се оние југословенски кабли со по две жички, односно парици, каде што биди среќен да ти испорачаат 2 со 0.2 брзина.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1945 на: 20 Август 2025, 12:19:09 pm »
Дали некој користи мобилни услуги од Телекабел и може да појасни што значи „М3 со доплата од 200“? На пример, дали на тие 500 денари месечно се доплаќа уште 200, или е некој трик? Не ми е јасно, па ако некој корисник може да објасни, ќе ми помогне

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1946 на: 20 Август 2025, 12:27:22 pm »
M3 e 300, M3+ e 500ден, разликата од 200 ден е доплатата.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1947 на: 20 Август 2025, 12:31:58 pm »
Oбјасни по едноставно ако може

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1948 на: 20 Август 2025, 12:42:44 pm »
Не знам како поедноставно од тоа ама ти пишува дека има 5Г интернет во претплатата со 500 ден. Во таа со 300 е најверојатно 4Г интернет и имаш 1ГБ наспроти 21ГБ.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1949 на: 20 Август 2025, 12:43:11 pm »
Наместо да плаќаш 300 денари, ќе плаќаш 500 денари и ќе добиеш дополнителни 20 гигабајти месечно интернет.