Да ви се пофалам за уште една глупост со А1, во низата со глупости со пародијава од оператор

Неодамна го продолжив договорот, па имав некои субвенции за користење, па ги искористив за Хајсенс телевизор (ТЦЛ немаше ништо на лагер). Тоа со телевизорот беше на 3 јануари. Телевизорот требало да ми стигни за 10, најкасно за 15 дена.
Заради некои обврски и побитни нешта, дури и заборајв на телевизорот

Вчера ми текнува дека баѓи време поминало, па се јавував во контакт центар.
- Да, гледаме дека тука има телевизор, ама зошто не е доставен... тоа ќе си прашате во салонот каде што потпишавте...
Не знам дали знаете, по салоните нема телефони за јавување, само контакт центар и тоа е тоа

Се јавувам пак во контакт центар, второ мислење да слушнам.
Истиот одговор, да одам во салонот.
Ок, ајде, денес после работа појдов:
- Вака и вака, од контакт центар ми кажаа да дојдам, телевизоро...
- Господине не знаеме ние што се случило со телевизорот, зошто не е доставен...
- Абе зошто, затоа што е од А1, ама да скратиме, кој треба да знај?
- Можи да ве побараме утре после 2?
Толку сум рамнодушен станат заради еден куп глупости што се дешаваат наоколу,општо, не успеав ни да се изнервирам

Ќе ме бараат утре после 2, ваљда за да појдам пак во салон
