Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 322074 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1950 на: 20 Август 2025, 13:28:28 pm »
Дали некој користи нивен мобилен интернет и е задоволен?ова делува одлична понуда размислувам а1 да го напуштам.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1951 на: 21 Август 2025, 14:44:35 pm »
Они се јавнати на мрежата на Телеком. У пракса секаде каде што е Телеком добар добар е и ТелеУкабел.
Функционираат пиц-пец и секако можеш да си го префрлиш бројот.
Ако ти требаат 2+ бројчиња мобилни а веќе ја користиш услугата (или можеш да ја користиш) за ТВ и интернетр тогаш имаш едно комплетче примамливо. Секако се е без договор.

За овие два пакета мислам.

https://telekabel.com.mk/duo-paket/

https://telekabel.com.mk/semeen-paket/

 

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1952 на: 21 Август 2025, 14:53:47 pm »
Смс пораки за паркинг не функционираат на телекакбел.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1953 на: 21 Август 2025, 14:54:43 pm »
Ако на некој му треба припејд број, препорачувам Мтел, за 700 ден за 3 месеци, има неограничено повици, смс и 5 гб нет месечно.
Повик од до Грчка, 10ден минута.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1954 на: 21 Август 2025, 15:44:00 pm »
Они се јавнати на мрежата на Телеком. У пракса секаде каде што е Телеком добар добар е и ТелеУкабел.
Функционираат пиц-пец и секако можеш да си го префрлиш бројот.
Ако ти требаат 2+ бројчиња мобилни а веќе ја користиш услугата (или можеш да ја користиш) за ТВ и интернетр тогаш имаш едно комплетче примамливо. Секако се е без договор.

За овие два пакета мислам.

https://telekabel.com.mk/duo-paket/

https://telekabel.com.mk/semeen-paket/
Телекабел има најлош мобилен интернет, нема врска што користат мрежа на телеком. Посебно ако се погодиш у гужва негде, воопшто нема ни да имаш интернет.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1955 на: 03 Септември 2025, 15:14:46 pm »
Да ви кажам за една случка (уште активна) со А1. Продолживме договор за уште две години, субвенција, земен телефон, тоа направено во мај месец. За месец јули ни стигна поголема сметка, прашавме зошто, ни кажаа дека тоа е за осигурување на екран на телефон.

Ниту сме побарале, ниту стои во договорот такво нешто. Операторот ни кажа дека може на меил да го откажеме осигурувањето. Го откажавме и ни стигна одговор.....полисата број тој и тој се раскинува....Побаравме да ми ја пратат полисата потпишана од наша страна, мукла, штама.

Знам дека има таква опција ама треба изричито да побараш такво нешто а не сами да ти убутаат, поготово што и тоа треба да се регулира со договор, потпис и сл/

Ме фати инат, поднесов приговор писмено и ќе видиме до кај ќе одиме.

Ова го пишувам чисто да отварате очи, може и на некој друг му фактурираат без да активирал таква усуга и без да потпише договор, што е скроз неправилно.

Ќе пишам апдејт....
Апдејт: Добив повратен одговор од осигурителната компанија (дали е фирма ќерка или само фирма соработник на А1, не знам) со извинување и да ми кажат дека А1 не им ја пратиле осигурителната полиса (не можеле зошто нема такво нешто, никогаш не сме потпишале), ќе престанат со наплата на осигурувањето на екранот и ќе ги рефундираат сите средства до сега наплатени. Не се некои пари ама па ме фати инат да ми земаат дополнително пари на толкава претплата.

Не знам дали имало и други случаи и колку пати им поминало ова, чисто инфо да знаете ако на Вас или некој друг му прават вака.
Претпоставката е мајката на сите заебувања