Нема простор за паника, сегде се говеда...
Скоро 9 години кај Телеком ДЕ, и дома и 2х мобилни, практично откако сме дојдени во Германија. Дома сме у процедура да смениме со оптика, пошто стигнавме плафон со понудата на Телеком (100 Дл, 40 Ул, бакар). Не само што немаа подобра понуда, него го тупеа цело време за Магента Стик, и РТЛ плус и пи**е материне од ствари што не ми требаат, и тоа за 10 евра поише. Епа не фала.
Дојче Гласфазер дојдоа со понуда, 1 Gbps симетрично, 50 евра за 12 месеци, а после тоа 90 евра, или помалце, ако сакаш да избереш послаб пакет. Ние одиме на варијанта 300 Mbps после 12от месец, за 50 евра месечно. Згора на тоа, нема трошоци за приклучок и подесување (1500 + 90 евра). Дојде фирма, брцна кабел у куќа, сега чекаме само опремата за внатре да ја донесат, инсталираат и пуштат „у погон“.
Капаче, мобилните кај Телеком... Актуелно плаќаме 55 евра за две картици, флет разговори и СМС, со ЕУ Роуминг и по 20 Гига. Епа пошто мењаме приклучок дома, цената ќе се качи на 60 евра, пошто го губиме бонусот. Бев у продавница, пошо ми го отекоа вртејќи на телефон, и викам, ајде да видиме што е работата... Епа требало да го обновам договорот, по услови што не ми одговараат, или, ако им текне, може Телеком да ми го откаже договорот ако сака, со отказен рок од 4 недели. Аман бе викам, алал да ви е... После 9 години лојалност, ваков однос? Фала многу, пријатно.
Отидов и во О2 и во Водафон, ми дадоа понуди што беа 25 и 15 евра поевтини од Телеком, со многу повеќе Гиги на располагање. Епа фак ју! Со кој памет бе?
Да бидам искрен, не ми требаат толку гигите, и тие 20 Гига што ги имам на Телеком никогаш не сум ги потрошил... Никогаш не сум потрошил повеќе од 8, и тоа било на одмор или нешто така.
Ама односот прописно многу ме накурчи, па ете, ќе си кажеме чао со Телеком. Пример како НЕ треба да се однесуваш со клиенти.