Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 322159 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1860 на: 04 Март 2025, 17:38:32 pm »
Јас користам комбо бох само домашен интернет,по истекот на договорот од 500 ден зголемија сами на 600,следната година 700 изгледа ќе ги откачам кај и дае...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1861 на: 04 Март 2025, 18:59:53 pm »
Се префрлив на А1.

1.300,00 плаќам, Ultra XL тарифа, бесплатно сè, 100 минути кон странство и до 13 гига месечно интернет во роаминг.

Исто, активиравме 4 броја на една претплата. Интернетот во роаминг ми беше критичен пошто секое одење надвор од Мк активирам пакети, а тоа е често. И плус 60к МКД бонус за уред.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1862 на: 04 Март 2025, 21:41:26 pm »
некој искуство со семеен пакет од телекабел, конкретно со мобилната, интернет и тв имав и досега се си е ок таму

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20797
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1863 на: 05 Март 2025, 09:31:30 am »
Нема простор за паника, сегде се говеда...

Скоро 9 години кај Телеком ДЕ, и дома и 2х мобилни, практично откако сме дојдени во Германија. Дома сме у процедура да смениме со оптика, пошто стигнавме плафон со понудата на Телеком (100 Дл, 40 Ул, бакар). Не само што немаа подобра понуда, него го тупеа цело време за Магента Стик, и РТЛ плус и пи**е материне од ствари што не ми требаат, и тоа за 10 евра поише. Епа не фала.
Дојче Гласфазер дојдоа со понуда, 1 Gbps симетрично, 50 евра за 12 месеци, а после тоа 90 евра, или помалце, ако сакаш да избереш послаб пакет. Ние одиме на варијанта 300 Mbps после 12от месец, за 50 евра месечно. Згора на тоа, нема трошоци за приклучок и подесување (1500 + 90 евра). Дојде фирма, брцна кабел у куќа, сега чекаме само опремата за внатре да ја донесат, инсталираат и пуштат „у погон“.

Капаче, мобилните кај Телеком... Актуелно плаќаме 55 евра за две картици, флет разговори и СМС, со ЕУ Роуминг и по 20 Гига. Епа пошто мењаме приклучок дома, цената ќе се качи на 60 евра, пошто го губиме бонусот. Бев у продавница, пошо ми го отекоа вртејќи на телефон, и викам, ајде да видиме што е работата... Епа требало да го обновам договорот, по услови што не ми одговараат, или, ако им текне, може Телеком да ми го откаже договорот ако сака, со отказен рок од 4 недели. Аман бе викам, алал да ви е... После 9 години лојалност, ваков однос? Фала многу, пријатно.

Отидов и во О2 и во Водафон, ми дадоа понуди што беа 25 и 15 евра поевтини од Телеком, со многу повеќе Гиги на располагање. Епа фак ју! Со кој памет бе?

Да бидам искрен, не ми требаат толку гигите, и тие 20 Гига што ги имам на Телеком никогаш не сум ги потрошил... Никогаш не сум потрошил повеќе од 8, и тоа било на одмор или нешто така.
Ама односот прописно многу ме накурчи, па ете, ќе си кажеме чао со Телеком. Пример како НЕ треба да се однесуваш со клиенти.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1864 на: 05 Март 2025, 10:46:22 am »
Во Германија си користам сеуште припејд од 10 евра на месец со 10-15 гиги и бесплатни разговори во сите мрежи. Не планирам да плаќам пост-пејд. Службен телефон сакаа да ми дадат, културно ги одбив затоа што не ми треба.
Откако се преселив во Минхен сум на Бакар на Телеком за 50 евра на месец со договор на две години. Во Штутгарт имав кабелски интернет од Водафон и беше подобар од овој на Дојче Телеком.

После две години пак ќе потпишам некој сличен додека не дојде оптика за 50тина евра на месец.

Меѓудругото, Телеком во Македонија е каде-каде подобар во однос на клиенти спореден со овој тука. Овој тука оти е државен/најголем е многу многу подпросечен накај лош. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1865 на: 05 Март 2025, 10:52:35 am »
Новите корисници уствари првите 24 месеци (или 12 зависи од договорот) добиваат попуст на регуларните цени и после тој период ја плаќаш поголемата сума, која стварно знае да биде голема.
Сум бил на телеком со дсл и со мобилен, немало никакви проблеми, услугата одлична. Сега сум на о2 и со мобилни и со дсл, немам исто никакви проблеми. Моментално мислам дека о2 нуди најдобри цени од трите оператори.
« Последно менување: 05 Март 2025, 15:00:32 pm ficomk »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1866 на: 05 Март 2025, 12:42:59 pm »
Ниту еден оператор не цени лојалност, а праат салто наназад за да привлечат нови корисници.

Најмалку 15 години имам договор на телеком. Бонусот за уред за потпишување договор кој ми го даваат е 8000 денари. :))))

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20797
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1867 на: 05 Март 2025, 12:58:40 pm »
Абе од ќерамиди да им мочам... Откако им стигнаа барањата за откажување на договор, испадна дека можело да намалат цена на главната картичка, 3 месеца гратис за другата, па се расфрлаа со гиги ваму таму...

Сори, ту литл ту лејт.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1868 на: 05 Март 2025, 13:13:38 pm »
мислам дека кај нас сеуште сме во предност во однос на вложено/добиено

со договорот кој го продолжив пред нова година добивам:
  • 5 х мобилни со 100г + 8,2г западен балкан + 200м во роаминг, неограничени разговори и СМС
  • 200/100 оптика
  • 2 х андроид ТВ Бокс со 180+ канали
  • MaxTV GO за секој уред

за нешто под 5.000ден. Бонусите не ги користам и одбирам да имам пониска сметка на сметка на нив.

Е сега....
...ми требаше 4 дена да се маткам по салони за да продолжам и уште 2 приговора додека се регулира се', ама тоа е - Телеком  ;D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4017
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1869 на: 05 Март 2025, 13:36:15 pm »
Телеком без проблем ми го продолжија договорот со попустот добиен преку агент кога го првично го склучив договорот. 

Мене ми доаѓа така поефтино од А1 а и со поголем буџет.

3500 денари за 3 мобилни М линии и 1 С линија, 100мбпс нет за дома и два рисивери за ТВ(со сите спортски канали), буџет 26к.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1870 на: 05 Март 2025, 14:47:43 pm »
некој искуство со семеен пакет од телекабел, конкретно со мобилната, интернет и тв имав и досега се си е ок таму

Одлична понуда, нема договор и нема ситни букви. Оптика топ, и ЕДНО ДАЉИНСКО. Ни боксови ни матракуки. Квалитет на мобилна е ко Телеком, на нив се јавнати.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1871 на: 05 Март 2025, 15:02:39 pm »
Абе од ќерамиди да им мочам... Откако им стигнаа барањата за откажување на договор, испадна дека можело да намалат цена на главната картичка, 3 месеца гратис за другата, па се расфрлаа со гиги ваму таму...

Сори, ту литл ту лејт.
Пријател ми има спомнато, као чим склучиш договор на 1 или 2 години, после 14 дена и повеќе направи раскин за да ти дадат и на следните 1-2 години попусти. Јас ги мењав до сега на 2 години.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20797
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1872 на: 05 Март 2025, 15:54:41 pm »
Јас нејќев да се замарам, па затоа оставив да си тера. Си бев задоволен од услугата, и немав зашто да барам алтернативи.

Арно ама, тоа се смени, па затоа сега тераме со нови договори :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1873 на: 05 Март 2025, 18:04:20 pm »
некој искуство со семеен пакет од телекабел, конкретно со мобилната, интернет и тв имав и досега се си е ок таму
Јас би ги заобиколил Телекабел.
Ги користев краток период, оптички интернет 150/150 никакви проблеми немав.
Мрежа на мобилен рентаат од Телеком, така да покриеност е во ред. Квалитет на разговори не баш, како потивко да беше. И кон два или три броја никако од прв обид да се воспостави врска.
По 10гига на број е доволно.
Телевизијата иако преку оптика не беше со најдобар квалитет.

И најголемата глупост што ме натера да ги откачам беше тоа што ја тргнаа опцијата за наплата на паркинг преку смс. Сите сервиси со дополнителна доплата на смс не работат. Не можеш ни паркинг да платиш, ниту пак да пратиш смс за некоја наградна игра.

Ги откачив првиот ден кога од Телеком наместија оптика во зградата. Користам Магента1 со две мобилни линии со по 60гига, тв со спорт пакети и оптички интернет 60/30 и плаќам поевтино 150денари него на Телекабел.
Никаков проблем со услугите сега немам.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1874 на: 05 Март 2025, 20:25:42 pm »
некој искуство со семеен пакет од телекабел, конкретно со мобилната, интернет и тв имав и досега се си е ок таму

Одлична понуда, нема договор и нема ситни букви. Оптика топ, и ЕДНО ДАЉИНСКО. Ни боксови ни матракуки. Квалитет на мобилна е ко Телеком, на нив се јавнати.

Не е баш нај нај оптиката на Телекабел.
А кога ќе дојде време да објаснуваш проблем во контакт центарот на Телекабел, ке ти иде да си извршиш самоубиство.