Баш напротив, кога бев кај моите, претплатници бевме на Т добри 15 години. Ситуации со шит интернет колку сакаш, до последно не сакаа да заменат модем каде користевме 2 ТВ и нет на бакарен кабел. Брзина, време турско. ХД ТВ, само желба. Секако плаќавме ко да имаме.
Сега каде што сум, сме на А1. За таа сума што ја плаќам, имавме субвенции од 19к, башка бирам 2 пакети бесплатно, меѓу кои и ХБО. Истото во Т, ќе ме чинеше плус 600-700 ден.
Единствена маана е што каналите се листаат со лаг, пример кликаш следен програм и за 2 сек добиваш слика. Ова преку оптика ако си. Мобилните пакети се со се нограничено и со размена на 50гб од сефот имам во роаминг 10гб бесплатно. Мисловна именка ако бев на Т.
За корисник ко мене, каде немам време за гледање мн тв, ми е и повеќе од доволно.