Да напишам и тука некои интересни понуди.
Јас ги имам пробано сите пакети, еве 2-3 години користма интернет на Лајка и сум задоволен, брзина даунлоад е 70, аплоад некогаш 30, некогаш 60 на 4G.
Не користам многу мобилен интернет бидејќи секаде каде што одам имам wifi и не ми менува многу брзината.
Но соодносот платено/добиено е топ.
Првиот пакет е 1600 денари годишно ≈ 133 денари/месечно. за 5GB мобилен интернет и неограничени повици и СМС кон сите мрежи.
Вториот пакет е 3250 денари годишно ≈ 270 денари/месечно. за 12GB мобилен интернет и неограничени повици и СМС кон сите мрежи.
Третиот пакет е 4000 денари годишно ≈ 333 денари/месечно. за 22GB мобилен интернет и неограничени повици и СМС кон сите мрежи.
Се плаќа исклучиво онлајн со кредитна или дебитна картичка еднаш за цела година и раат си, не си на постпејд па да те крадат со потрошено онолку, потрошено олку.
Башка тоа без кредит(со нула денари на сметка) има бесплатни повици и смс од Lyca кон Lyca и може е корисно за GPS локатор, аларм или сигурносна камера која дава информација по смс.
Тоа е моето искуство, можеби вашето е поразлично.


