Ви-Фи за по дома, особено ако живеете во стан, наместете ги рутерите, особено тие од А1 техниколорите на 5 гхз ви фи, а не на 2.4.
Препород бидејки 99% од ви фи наоколу е на 2.4 и премногу пречки си има, стандардна фрекфенција на која и микробранова печка ја емитува.
И ќе оди до макс брзина на 5 гхз отколку на 2.4. Шаомито поко х3 про на 2.4 ви-фи макс околу 50-60 мбпс, додека на 5 гхз оди до 100 мбпс колку што ми е и пакетот.
Само ќе видите дали сите мобилни ви се врзуваат на 5 гхз, некои не сакаат. Пример дома имам Самсунг А12, тој само на 2.4 мрежа се поврзува.
Ама сега имам од УБЕЕ рутерот на А1 и на тој можам истовремено и двете ви фи мрежи да ги пуштам, па немам проблем.
Ако живеете во куќа тогаш останете на 2.4 бидејки има подобар домет од 5 гхз, плус во кука сте така, нема толку пречки од други рутери.