Автор Тема: што би направиле ако приметите корозија на вашето ново возило? форд фиеста  (Прочитано 30512 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
а сеуште има умови на форумов што тврдат дека за 2-3 години ќе се распаднела па ајде нека покаже времето

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Нека пишат кога ќе се распадне..

Ако сме живи до тогаш и  ако уште постои форумов.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Вчера гледав коли по плацевите во Бугарија и наидов на растурен фокус кец за делови...... шипката под шалтаблата беше во иста состојба како и оваа на Маци. Фокусот беше 2001 ва година. Проблемот постои одамна и да беше нешто страшно сигурно ке превземеле нешто. Тој фокус беше 12 години стар и рѓата беше иста како на сликиве од оваа тема што кажува дека не се зголемува.

Лоша проценка.
Може тогаш имало некоја заштита, а корозијата да ја појавило пред 1 год.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
може на маци фордов не е нов,го удриле па го пуштиле пак во продажба како нов,што знаеш

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Ја пролистав темава, комплет. Маци, неколку совети од мене:

1. Прво - од сите ние што ти кажуваме што да правиш, извлечи некоја средина, и следи си сопствена интуиција, нормално.
2. По фотографиите, проблемот не е сериозен. Не му се секирај, не вреди.
3. Знам, ќе кажеш "нова ми е колата, гаранција има ова-она".. Те разбирам, и во потполност те поддржувам, но верувај - не вреди да се маткаш по сервисите и не дај боже по судови за оваа работа. Не и во Македонија, иако сум дипломиран правник и наскоро магистер по граѓанско право.
4. Немој ни под разно сам да пробуваш да ја вадиш шалт-таблата. Никако. 99.9 % ќе скршиш нешто (пластиче, осигурач). 100 % ќе ја разебеш, и ќе крцкаат деловите. Од искуство - ако само еден штраф извадиш од било што, нема шанса да го наместиш како било, иако на прв поглед изгледа едноставно. Советот од google е одличен - нема комплицирана шалт-табла, има нестручни лица кои пробуваат да ја извадат и наместат. Немој ни под разно да дозволиш во сервис да ја вадат, претпоставуваш зошто. Чисто онака, еден пример да ти дадам од мое искуство - една обична штопна на картер "стручњаците" од Олимпиа моторс три години по ред ја престегнувале, до степен што е разјадено лежиштето од картерот на мојата кола. Последниот "стручњак" беше 18-19 годишно детиште.
5. Исцрпи ги сите можни солуции кои не вклучуваат големи суми на пари (мислам на мејлови, писма, жалби, поплаки до вистинските места). Понатаму - остави се, не се замарај.
6. Она што го кажува Bugar дека издејствувал чуда од Тојота, ако е вистина - секоја чест. Мене, не ми се верува. Со сета должна почит, тоа е речиси невозможно во Македонија.

И баш, ако не ти е тешко, што и да преземеш по случајот, известувај не. Тука сум ако затреба било каква помош.

Поздрав!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
дизел фала за,ако затреба за било каква помош :)
пријавив во државен пазарен инспекторат,па нека се занимаваат малку со нив.

еве малку да се позанимаваме со речениците во гаранцијата.

инаку во гаранцијата пишува дека цитрам:
гаранцијата се добива и исполнува од овластените продавачи на форд(во случајот мида)
незнам што пробуваат да ја префлат топката во форд англија или форд германија.кога убаво пишува во ганацијата.

меѓудругото во гаранцијата пишува,цитирам:
однесете го вашето возило кај овластениот продавач на форд за секоја поправка под гаранција што поскоро по откривањето на дефектот.
уверете се дека редевно се проверува површината на шасијата од овластениот продавач на форд.

да се навратам на овие две.по откривањето на дефектот овластениот продавач на форд ништо не превзема,друготот нередовно се проверува површината на шасијата од овластениот продавач на форд.

поимот шасија не ги вклучува тркалата и приклучните елементи како бандажите,браниците,пластиките и куките.
еве убаво си пишува.се друго спаѓа во шасија или каросерија кој како го вика како со рѓа или корозија.

што не е покриено со гаранцијата,цитирам:
некоригирањето на временската основа на корозијата или оштетувањата на бојата идентификувани при проверка на шасијата и бојата.


јас го разбирам ова ако ми кажале дека има корозија или оштетување на бојата и јас не сум сакал да ги корегирам или не сум ја однел колата тогаш кога ми рекле да ја однесам.

еве што имаат напишано од мида


тука се гледа дека ја признаваат корозијата и која овластениот продавач на форд е должен да ја корегира,ова е според тоа што пишува во гаранцијата.
а не како што се оградуваат они и пишуваат дека производителот не превзема никаква акција.
акцијата треба да ја превземе овластениот продавач на форд.тоа убаво го пишува го гаранцијата.го имам цитирано погоре еве го пак:
гаранцијата се добива и исполнува од овластените продавачи на форд(во случајот мида)

ги молам правниците на форумот да искоментираат,банза,дизел.....
« Последно менување: 09 Февруари 2013, 00:20:59 am maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
добро другар може ли да ја донесеш кај мене и јас да ја направам таа ебена шипка
ЗНАЧИ СИТЕ те разбираме дека колата ти е нова и дека и најмало кварче ќе те нервира,секако НОВА е,ама во овие времиња кај што се штеди на се и сешто нормално е ФОРД да штеделе на антикорозивна заштита за шипка под шалтабла


Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Маци, повеќе пари ќе фрлиш за судови и слично, отколку за пиво за Смичка...
БТВ. јас не сум толку стручен за да проверам кај мене, а и страв ми е да не расклатам нешто...

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
добро другар може ли да ја донесеш кај мене и јас да ја направам таа ебена шипка
ЗНАЧИ СИТЕ те разбираме дека колата ти е нова и дека и најмало кварче ќе те нервира,секако НОВА е,ама во овие времиња кај што се штеди на се и сешто нормално е ФОРД да штеделе на антикорозивна заштита за шипка под шалтабла


фала за разбирањето и за понудената помош.
би сакал само да се испочитува тоа што треба од продавачот на форд.
пробувам на друг начин да го речам проблемот.

бојан ј,не фрлам пари по судови,има институции кој по службена должност ќе си ја бркаат работата.затоа ги пријавив во државен пазарен инспекторат и во организацијата за заштита на правата на потрошувачите.
гледам има заинтересираност од нивна страна па ќе видиме што они ќе направат.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
добро другар може ли да ја донесеш кај мене и јас да ја направам таа ебена шипка
ЗНАЧИ СИТЕ те разбираме дека колата ти е нова и дека и најмало кварче ќе те нервира,секако НОВА е,ама во овие времиња кај што се штеди на се и сешто нормално е ФОРД да штеделе на антикорозивна заштита за шипка под шалтабла



Не само форд на НИЕДНА кола нема боја на таа шипка

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316

Не само форд на НИЕДНА кола нема боја на таа шипка

епа што ќутите,побунете се кај овлстените продавачи.имате право на тоа.
или ќути,абе ај што ќе се замарам.....
затоа дека ќутите сите,ќе ни продаваат коли со незаштитени цевки кој за година две ќе корозираат и после ќе ве убедуваат дека така требало да биде.

но секој со своите убедувања,јас ќе терам вака,а другите како сакаат.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
А кој ти рече да не тераш? Терај и дај боже да ти излезе некој во пресрет,и мене и тебе ни е јасно дека во производство тоа кошта можда пола долар да се напраи ама тоа е тоа на се се штеди што сметаат дека може да штедат.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
ве читам и неможам да ви се изначудам на пасивното размислување со кое упорно одите против пишаната гаранција и ослободување од обврската на продавачот.
кај ви е самосвесноста за своите права?


несакам да премине темава во самодокажување,расправање и слично.
ве разбирам дека има големи мајсторишта што вакви работи за нив се шала,ги нервира и ги средуваат но сега не е време за таква интервенција.

сега пробувам преку правните опции кој ми ги нуди системот да го решам проблемот.

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
кое е според тебе најдоброто решение за проблемов?
мида да си ја признаат грешката и да ја направат шипката?
мислиш дека некој во мида го боли К*Р за твојата шипка и дека полека и пазливо ќе ја вади шал таблата ќе ја среди шипката и ќе врати се како што било?

се лажеш пријателе,ама ок секој со своето дај боже да си ја завршат работата како што треба,но биди сигурен дека нема да биде така

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
maci, продолжи како што си почнал, тој што треба да ја санира корозијата евентуално ќе ја санира. Те гледам насрден си, и знам дека од принципиелност ќе останеш на своето и проблемот што го имаш ќе биде решен од оние кои треба да го решат, а не маалски мајстори во шупа во 9 и 40 навечер.

Ти оди истражувањево и мислам дека имаш доволно материјал за да одиш во МиДа и прво да се заканиш со преминување на судско решавање на проблемот, а ако не го прифатат блефот, уствари и да си поднесеш тужба.