Автор Тема: што би направиле ако приметите корозија на вашето ново возило? форд фиеста  (Прочитано 30496 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Маци, батали друже :)
Кај мене заедно со ЗероКул видовме, не е до толку, уствари ко да нема ич и не е страшно. Еве деновиве ке појдам до Сервис Илија кој од сега ќе биде надлежен за фиестата, пошто гаранција од МиДа помина, доста им беше. Ке видам он што ке каже, човекот ми е близок, у секој случај ке ми каже каква е ситуацијата:)
Засега, само уживај, не се нервирај со непотребни работи, бар ја така мислам. Ете Гугл ти е човек со искуство на тони, штом он вика уживај, не е страшно.
За МиДа ако отвориш тема радо би си поприкажал таму, јес да 80% ми се позитивни мислењата за нив, но има едно 20% што се катастрофа невидена. Да не трујам тука за тоа, у другата тема.
Иначе ете, ако сакаш ајде со мене ќе појдеме до сервис Илија, да видиш што ќе каже човекот, дали да се напрегаш или не со тужби мужби, да пипаш нешто или не :)

абе не баш батали,ако вака размислуваме тешко нам.за било каква грешка да приметиме на било што,ако вака размислуваме тогаш не нитреба ни гаранција ни ништо.
купи производ па ако се расипе или гледаме дека може да се расипе,да бидеме пасивни....ништо.незнам јас не размислувам така.
незнам дали на некој германец или англичанец му се случеше ова и да го пријавеше целиот случај кај нивната инспекција.неможам да поверувам дека инспекцијата би му рекла батали.зошто е таа инспекција,зошто се тие правни норми,стандарди,гаранции....
сале ск убаво пиша,конкретно.
ова што се случи е грешка,маана на произедувачот во случај форд,и тој треба согласно со законот да си ја поправи штетата.нема бегање од реалноста со кажување приказни што би било,и како би било после 10 год.
која непрофесионалност од форд,кој мизерен однос кон муштерија.
јас,ти и сите други си имаме права како потрошувачи и само си ги бараме своите права.
еве уште еднаш ќе го копирам текстот што ми го пратија од организацијата на заштита на потрошувачите,можеби не си го прочитал.
Почитувани,
Во конкретниов случај се работи за производ кој пројавил недостатоци во гарантен рок.
Согласно ЗЗП доколку производот во гарантен рок пројави одредени недостатоци, овластениот сервисер е должен во рок од 30 дена да ги отстрани таквите недостатоци, во спротивно должен е да ви даде нов производ или да ви го врати полниот износ кој сте го уплатиле за истиот како и штета доколку настанала.
Доколку сакате Организацијата на потрошувачи на Македонија да постапи во ваше име, треба да дојдете во нашите простории да пополните пристапница и да уплатите 300 денари.

Со почит,
Златко Јолески, правен советник во ОПМ



татко ми се знае со илија,не е проблем за одење,ќе се договориме.
инаку бев кај илија ,но не зборев со него,имаше работа па зборев со еден од вработените ,го знам да не го именувам сега.тој рече дека нема сретнато такво нешто кај фијат.и дека не треба да има таква појава на корозија.

НО,не е во ред ваква појава,дали таа уште 100 години ќе биде таква или нема да му направи ништо на железото,никој неможе да каже со сигурност.
правиме муабе што би било кога би било.
но секој се плаши од лошото ,што ако излезе за 3-4 год да кородира цела??? што тогаш?
дали да чекаме да видиме или да се среди сега?
дали тогаш како цела кородирана шипка форд ќе ја признае корозијата во гарантер рок и ќе мора да го замени делот?

онак,не е тој илија.овој е овластениот сервис за фиат,алфа... во ѓорче е.
« Последно менување: 07 Февруари 2013, 01:21:24 am maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Да, у право си и ти, не викам не :)
Имаш еден ПП

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: што би направиле ако приметите корозија на вашето
« Одговори #122 на: 07 Февруари 2013, 01:56:26 am »
Маци пробај со организација на заштита на потрошувачи, они ти викаат дека не е ок и дека можат да завршат работа. Баш ме интересира што и како ќе биде.

Иначе не е баш така розово и на запад, БМВ има проблеми со бензиските турбо мотори со директно вбризгување, carbon build up им се ствара и се случува и да рикнат, ради лош дизајн на главата на моторот, секако тоа не го признаваат и ако се случи вон гаранција сам си го санираш проблемот. Зборам за американци, енглези, германци и остали и многу поскап и посериозен проблем од твојот што го има речиси секој таков мотор.

Единствено јапонските произведувачи си признаваат грешки и ги решаваат. Остали малце потешко.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
@onak
Ѓорче Петров, специјалист за Фиат/Алфа/Ланчиа.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
кај јапанац нема грешки ;)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: што би направиле ако приметите корозија на вашето
« Одговори #125 на: 07 Февруари 2013, 02:08:11 am »
Имаат и они, само почесто од другиве ги признаваат и го решаваат проблемот.

БМВ го има проблемот кај 335и и со Пежо/Цитроен во турбо моторите. И еден ебан затегач не можат да го решат како треба 6 години, а 3 пати вадат као нов дизајн :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Маци си е комплетно во право, се појавила ете површинска рѓа со која всушност и почнува процесот на распагање на металот, а сето тоа се случува во гарантен рок, а во тој гарантен рок се гарантира дека нема да се појави корозија, и има право да бара тоа да биде санирано

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Редно е да се објави на фб да им го бутнеме рејтингот!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Абе друго е корозија на каросерија. Тоа е веќе за тужење.
 
Овде мислам дека само на шипката има и Google убаво кажа се што требаше да се каже. :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Maci, во последно време доста ги следам American Chopper и забележав дека фрејмовите на моторите што ги прават се сите, ама сите со таква површинска рѓа или како и да ја нарековме :D
Исто, мислам имам видено на мегафакторис ферари исто некои делови се таки, така да најверојатное стандардно тоа за сите.
За ова второво не см баш најсигурен, вечер/утре ќе изглеам некоја епизода, ќе обрнам повеќе вниамание на тоа.
иначе еве како изгледаат фрејмовите на чоперите

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
сосема нормално,овој метал ќе нема контакт со снег,сол итн. па затоа дур да скапе ќе му требаат околу 10.000 години

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Да ама тука сигурно ја фарбаат со заштита па боја.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
на секоја кола од оваа класа,каде што се гледа да се заштеди на што повеќе за да се биде конкурентен,сигурно не е премачкана,ќе речеме еиии па за една шипка ли,ама кога ќе помножиш со 3-4 милиони и те како се заштедува

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Нормално, се фарба и се, ама муабетот ми е од што се почнува, така да сигурно нема да почнат од рѓосан фрејм и да направат мотор од да речеме 20.000 долари и јаче.
Плус ова е секојдневно изложено на ветер, дожд снег, а ова во колата у никој момент!

btw, еве еден корисен линк за амци и сите другарчиња со фиеста или други фордчиња на форумов
http://www.fordownersclub.com/forums/

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Вчера гледав коли по плацевите во Бугарија и наидов на растурен фокус кец за делови...... шипката под шалтаблата беше во иста состојба како и оваа на Маци. Фокусот беше 2001 ва година. Проблемот постои одамна и да беше нешто страшно сигурно ке превземеле нешто. Тој фокус беше 12 години стар и рѓата беше иста како на сликиве од оваа тема што кажува дека не се зголемува.