Производителот декларира со изјава (во Италија важи правилово), а шпедицијата издава Еур1.
Еур1 е обично (99%) на трошок на испраќачот. Верувам некој не сакал да се замара со изјави, шпедиции и Еур1.
Чисто се сомневам дека Германија решила да не издава Еур1 што би значело значителен даунсајз за нивната економија од причина што стока од нив купуваат многу неевропски земји како што се Македонија, Србија, Албаниај, Косово, Турција, верувам и Русија а и некои моќни како Швајцарија, Норвешка...
Сме возеле роба и од 10,000 евра а и роба од 1,500,000 евра x4%...

Да си увозник од неевропска земја, роба од милион евра ќе ја купиш од Германија или Франција / Италија, ако Германија не издава Еур1? Да си продавач од Германија кој нема да продаде ради фактот што Германија решила да не дава Еур1, нема да се буниш или преместиш бизнисот?
Според ЕУ регулативата (не би навлегувал), по претпоставка, мислите дека Германија како ЕУ земја може да донесе одлука да не издаде документ со кој декларира дека робата е од европско потекло?