Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5986142 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30270 на: денес во 21:20:30 »
Кај Шкода...

Цените се препорачани малопродажни цени, се наплаќаат во денари и се со вклучен ДДВ. Цените во евра се прикажани само за ориентација.

Кај Шкода е во ред, имаш цени во денари на ценовник. Кај другите, пример Mazda имаш цени во евра со информација сам да конвертираш со 62. Кај Hyundai е истото со тоа што сам да конвертираш со 61,8.
Во овој случај цените во евра кај Мазда и Hyundai не се исти.

Еве ви од Законот

Според Законот за заштита на потрошувачите и правилата на Државниот пазарен инспекторат:
• Забрана за оставање купувачот сам да пресметува. Трговецот има законска обврска директно да ја наведе конечната продажна цена во денари. Не смеете да го ставите потрошувачот во ситуација сам да множи цена во евра по одреден курс за да дознае колку точно ќе плати.
• Забрана за произволно одредување курс кај физички лица. Во прометот на мало (B2C) на домашниот пазар, денарот е единствено законско средство за плаќање. Формирањето цени преку „интерен курс“ (како 62 денари за 1 евро) се смета за заведувачка деловна практика и прекршок, бидејќи се обидува да ја заобиколи обврската за директно истакнување денарска цена.
Не знам што не ти е јасно.

Еве ќе се обидам уште еднаш, ако некој ти даде цена во милионски износ во денари, тоа ти е речиси исто како некој да ти каже потрошувачка во галони по милја.
Во првиот случај самиот ќе почнеш да конвертираш во евра, во вториот случај во литри на километар, бидејки милиони денари и галони по миљи се перцепциски неразбирливи.
И затоа покрај денарите, ставаат цена и во евра, бидејки народот го сака тоа.

Салоните не ги интересираат евра, не ти бараат евра, но бидејки секој купувач ќе праша "а колку евра се тоа", индиректно се принудени да стават цена во евра, и за рекламите да бидат стабилни и заштитени од курссни флуктуации одбрале заокружена цифра х62. Ништо повеќе.
Кога ќе стигнеш до моментот на изготвување профактура, ќе си го добиеш денарскиот износ, а потоа ти дели, пусти, во долари, драхми, рубљи, што сакаш прави, никој не те принудува.

Бонус со х62, е што се добиваат заокружени износи.
« Последно менување: денес во 21:27:42 Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30271 на: денес во 21:41:58 »
И ВИ го кажува истото.

• Денарот е официјална цена. Бидејќи малопродажната цена на домашниот пазар законски мора да биде формирана и истакната во денари, токму тој денарски износ е обврзувачкиот за купувачот, а не обратно.
• Еврото е за ориентација. Делењето со 62 служи чисто за да се добие чиста и лесно разбирлива бројка во евра во ценовниците и брошурите, без тоа да значи дека цената е врзана за девизна клаузула или дека ќе се менува при уплата.