FairAuto никогаш не понуди коли од увоз, туку го почнаа тој бизнис со цел на едно место да продаваат коли од старо-за-ново моментот. Исто како што и Порше направи со WeltAuto. Плус, сите импортери имаат некој џентлменски договор дека нема да прифаќаат увезени коли за старо-за-ново размена (е сега, кој колку го почитува стварно не би знаел.)
Така да, концептот не е баш истиот.
Концептот тука е половна кола од лагер, половна кола по нарачка или нова кола од било кој бренд, во рамките на можностите секако.
Каков им е есапот - нити ме интересира, нити па би се замарал. Сепак, точно е дека увезениот крш ги тресна од земја цените на половните возила што actually вредат нешто - затоа и не може човек да најде асална половна кола - тие луѓе што ги имаат, си ги чуваат, на никого не му се дава здрава кола за џабе пари. Плус, треба да бидеме свесни дека и низ Европа колите што се очувани и здрави си држат цена.