Конкретнава кола нема никаква фалинка или дефект, особено не со електрониката.. Има цела сервисна историја и книшка. Моментот со нови таблици и мене ми е чуден, па пробувам да дознаам што е причата.
Приказната е уствари следнава: колата ќе е за сестра ми, 90% од времето ќе ја вози она...
Е сега... Газдите на колава наводно купиле ново возило, па ова автоматски им е вишск. Бидејќи е така, ја продаваат по доста добра цена. Ја купува дечкото на сестра ми, со цел да ја препродаде за повеќе пари. И тука сестра ми пројавува интерес, и уствари би ја купила по иста цена од него...
Сите детали и моменти ги дознав вака, уште не сум ја видел и пробал колава во живо, али ќе биде и тоа деновиве.
Сега пробувам да дознаам зошо има нови таблици...
