На сите овие возила пневматиците им се стари веќе 5 години. Стари се и каишите, гумените црева, бојата на каросерија, антифриз, масло (ако не е сменето), глицерин, амортизерите трпеле статичко оптоварување во рок од 5 години.
Колите имаат нула километри но се амортизирани без возење. Временски се одлежани во непознати услови. Дожд, снег, сонце.
Муабетот дека се нови не тереба да го внесуваме во равенката за цена.
Нови биле во 2012. Сега се 5 години стари возила.
Тоа е мое мислење.
Цената треба да биде поблиска до 5 годишно старо возило од истиот тип, а не поблиска до поновото возило што се продава во салон.